период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Македонија
Датум: 18.05.2017, 16:18

Професор по историЈа и страстен планинар

Слеп се искачил на повеќе од 80 врва

Жељко Брдаљ (48) е професор по историја од Загреб, поседува златна планинарска значка бидејќи има освоено повеќе од 80 врва, што го прави еден од 600 најуспешни планинари во Хрватска. Но, за разлика од другите, Жељко е слеп. Тој меѓу планинарите е познат под прекарот Носорог бидејќи, како што велат, „кога нешто ќе си стави на ум, тоа мора да го оствари и не знае да се откаже“.

И токму затоа своето слепило и болеста што ја предизвикала ги сфатил како предизвик. Жељко не е од секогаш слеп. На четири години заболел од ретинална пигментоза, генетски пренослива болест која предизвикува слепило, а која ја наследил од својата мајка. Оваа болест не се развива кај сите луѓе исто. Некој може да ослепи за неколку месеци или неколку години, но Жељко вели дека болеста му дала шанса бидејќи успеал да го заврши редовното основно училиште, а средното во Центарот за образование на лицата со оштетен вид, по што се запишал на Филозофскиот факултет.

- Со дипломата во 1995 година како лице со оштетен вид се вработив како наставник во основно училиште. Сепак, морам да ~ се заблагодарам на болеста која ми дозволи да се вработам и да ја запознам сопругата пред да влезам во светот на темнината. Немаше да биде добро ако ~ се додворував на слепо - се шегува Жељко.

Тој уште додека не бил слеп, завршил планинарско училиште, но после тоа тој никогаш не се искачил на планина. Планинарењето ќе му стане страст многу, многу подоцна, кога Жељко веќе долго време е целосно слеп.

- Kога ќерка ми Ника тргна во прво одделение, имаше среќа да добие учителка која водеше планинарска група, во која родителите и децата одат заедно на излети и се дружат. На првиот таков излет заминаа сопругата и ќерката, а јас останав дома. Ги немаше цел викенд, а јас само размислував - не можам со ќерка ми да играм тенис, не можам да ја носам на базен, а еве сега уште една активност во која не можам да учествувам. Следната недела отидов кај учителката и човекот што ги водеше излетите и прашав дали може и мене да ме земат - се присетува Жељко.

И така почнала неговата приказна и првото искачување на Петрова Гора. Дружење, свеж воздух, мириси и звуци... и љубовта е родена.

- Интересно, кога се спуштивме од планината, водачот на групата сите ги пофали, а потоа лично ми честиташе бидејќи, сепак, сум слеп. Во тој момент многу луѓе од групата почнаа да се загледуваат меѓусебно и да се запрашуваат кој меѓу нив е слеп. Замислете, тие дури и не забележаа дека не гледам - вели тој со гордост.

Со текот на времето Жељко со новостекнатите пријатели и подоцна во планинарското друштво „Железничар“ почнал да оди на посериозни излети и искачувања, па планинарењето му станало како дрога. Една од неговите полуди авантури била таа кога во еден ден со авион од Загреб одлетал во Дубровник и се искачил на локалната планина Снјежница и истиот ден со авион се вратил дома.

- Многу пријатели планинари ми рекоа дека такво нешто тие не би извеле. Но, тоа ми беше единствена можност да се искачам на тој врв и не сакав да ја пропуштам. На враќање, поради процедурите за лицата со посебни потреби на аеродромот, службеникот инсистира да седнам во инвалидска количка. Тогаш му реков: „Го гледаш ли она брдо?“ „Да, тоа е Снјежница“ вели тој. „Е, па, јас само што се качив и се спуштив од планината, а ти бараш да седнам во количка“ - раскажува планинарот. Сепак, секој негов излет, искачување и планински потфат бара многу повеќе напор и организација отколку кај оние што гледаат. Се разбира, мора да му помага придружник, кој ќе го води. Потоа треба и да дојде до саканата локација, но во тоа му помагаат пријателите планинари. Освен што го водат низ планините така што водачот во рака држи планинарски стап чиј крај го држи Жељко и со помош на кој тој чувствува кога треба да заврти, да се искачи или да се спушти, колегите се и неговите очи.

- Толку детаљно с` ми опишуваат, па навистина имам чувство дека и јас можам да гледам. Додека одиме, ми кажуваат што има по должината на патеката, какви се дрвјата околу нас, какви се камењата под нашите нозе, а кога ќе стигнеме на врвот, ми го опишуваат погледот во детали така што можам и јас да го видам. А јас им се оддолжувам со својот ведар дух и со шеги - вели Жељко.

Жалам само што нема да можам да ја видам ќерка ми

И Жељко бил тврдоглав кога ослепел, па му требало време за да го прифати белиот стап. Среќен е што може и што работи и заработува. Вели дека учениците го користеле фактот што е слеп за да мамат, но имал свои методи со кои успевал да ги фати и казни со единици. Неговиот прекар Носорог најдобро го опишува преку напорите да напише учебник по историја за шесто одделение, а потоа уште еден.

- Првиот го напишав за да докаже дека можам тоа да го направам. Тоа беше голем предизвик и морав да се обидам. А вториот ? Вториот го напишав само заради пари - се шегува Жељко.

Тој е познат и како човек што го популаризирал шахот во основните училишта во Нов Загреб. Шаховската екипа на училиштето ја води откако се вработил и не престанал ниту кога ослепел.

- Во Нов Загреб се снаоѓам бидејќи тука живеам целиот живот, а за другите места секогаш имам придружба. Има само една работа со слепилото поради која секогаш ми одат солзи на очите. Само една - тоа што никогаш нема да видам како изгледа мојата ќерка - вели Жељко.

#



Останати вести
Прилепските уметници уредија паркинзи за велосипеди
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести