период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 15:09

„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар

По поставувањето на „Силјан Штркот шанца“, Македонскиот народен театар повторно со премиера на претстава за деца - „Авантурите на Аладин“ во адаптација, драматизација и режија на Бојан Трифуновски. Овојпат ќе биде на големата сцена, премиерно на 22 март и со прва реприза на 29 март од 19 часот.

Режисерот Бојан Трифуновски на прес-конференција денеска рече дека претставата е авантура на повеќе нивоа. Се занимавале со светски позната материја која, рече тој, има неколку точки од кои не смееле да отстапат.

- Прашањето е како таа толку позната материја да ја направиме да биде повторно интересна и со неа да дадеме нешто ново. Успеавме да го нагласиме хуморот во претставата затоа што ако нешто ми е омилено тоа е звукот на колективното смеење на децата, нема поубав звук од тоа. Интересно беше и тоа што првпат на големата сцена на МНТ правиме претстава за деца која ги има сите визуелни бенефити. Важно е и тоа што оваа претстава ќе изобилува со многу музика, која ќе биде и автентична и описна, со одлични изоркестрирани композиции, но има и неколку кавери на светски класици коишто помагаат да се унапреди приказната. Сакам да направиме ведро и брзо темпо со кое се надеваме дека ќе го задржиме вниманието, не само на најмладите, туку и на останатата публика, рече Трифуновски

Насловниот лик ќе го игра актерот Александар Михајловски кој потсетувајќи и на својот настап во неодамнешната премиера за Силјан Штркот, рече дека има убаво чувство кога игра во претстава за деца.


- Децата доаѓаат искрено. Сакаат да видат, да се одушеват. Тоа ми се случи и во „Силјан Штркот“ и тоа чувство ми е познато. Сега прераснува во нешто уште поголемо затоа што одиме на голема сцена  и многу повеќе деца ќе може да доаѓаат на оваа претстава и ќе се забавуваат, рече Михајловски.

Дарја Ризова, која ќе ја игра Принцезата Џасмин, рече дека за неа „Аладин“ е прекрасна и безвременска бајка која, како што рече, е обоена со љубов што ги урива сите препреки и победува.

- На децата и на возрасните им носи порака дека љубовта е таа што го движи светот и нашето постоење, дека во времево во кое живееме треба да ја бараме љубовта во секого затоа што таа постои, но треба да се вреднува и да се шири меѓу нас, рече Ризова.

Актерот Сашко Коцев, кој ќе го игра ликот на Абаназер Велики, исто така, рече дека сака да игра во претстави за деца, а последната во која учествувал била во Кумановскиот театар пред 12 години. Истакна дека воведувањето претстави за деца е значајно за МНТ затоа што ќе ја донесат најмладата публика и ќе ја воспитаат да посетува театар.

- Претстава за деца е друго ниво, па во процесот на подготовка се соочивме со прашањето како и колку да биде смешно тоа што е смешно во приказната, и тоа што е тажно како да го направиме да биде тажно и емотивното да допре до нив, рече Коцев, додавајќи дека намерата им била претставата да биде допадлива за сите возрасти,  да се видат визуелни елементи и да има хумор, но и емоција.

Во актерската екипа се и: Никола Ацевски (Духот од ламбата); Камка Тоциновски (Вдовицата - мајката на Аладин); Славиша Кајевски (Императорот - таткото на Џасмин); Драгана Левенска (Робинката од прстенот - Леонора) и Ненад Анѓелковиќ (Страшилото - принцот Леополд). Покрај нив учествуваат и деца-членови од Детското драмско студио на Магдалена Ризова-Черних.

За доловување на волшебното во приказната придонесуваат и сценографијата на Илина Ангеловска  и костимите  кои ги изработија Антонија Гугинска-Јорданоска и Елена Вангеловска. Композитор е Џијан Емин, а кореограф Александра Кочовска-Начева.


Директорот на МНТ Дејан Пројковски на прес-конференцијата рече дека заживувањето на детската сцена е меѓу нивните нови сериозни заложби. Ја почнале со „Силјан Штркот“, како што рече - симболично како што во 1948 година била првата изведба на „Силјан Штркот“ во режија на Петре Прличко.

- Претставите за деца се нашата нова заложба, да поставиме нов стандард и посебна грижа, внимание и третман, онака како што ги работиме и другите претстави од вечерната програма. „Авантурите на Аладин“ би рекол дека е првиот спектакл за деца во Македонскиот народен театар, истакна Пројковски.

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести