период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 09:55

Откриена мини-пеЧатница за фалсификати

Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија

Скопјанец пет години фалсификувал разни документи во својот дом, а за лажните документи наплаќал до 100 евра како од сограѓани така и од странци, информира Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за А.М. (60), против кого СВР Скопје - единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава за фалсификување исправа, кривично дело предвидено и казниво по член 378 од Kривичниот законик.

Пријавата е предадена до надлежното ОЈО Скопје, кое треба да одлучи дали против осомничениот ќе биде поведена истрага и дали ќе побара притвор.

Според полицијата, А.М. од 2012 година до пред неколку дена извршил голем број фалсификувања откако претходно набавил соодветна опрема за изработување фалсификувани документи. Негови муштерии биле повеќе лица државјани на Македонија, како и Македонци со живеалиште и престојувалиште во странство, но и странски државјани. Фалсификаторот на нивно барање, откако тие ќе му ги дале личните податоци, им изработувал разни лажни јавни исправи со невистинита содржина на лажни обрасци, наводно издадени и заверени со печат и потпис од државни и јавни институции во земјата.

Осомничениот знаел дека изработката и издавањето лични документи, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, свидетелства од образовни институции, сертификати, медицинска документација и други јавни исправи се изработуваат, заверуваат и издаваат исклучиво од органот што ги издава. Но, сепак, тој за паричен надомест во износ од 1.000 до 6.000 денари, во зависност од документот што требало да го направи во временски период од речиси пет години за повеќе лица изработил, заверил и издал фалсификувани исправи.

Инспекторите по добиеното оперативно сознание дека А.М. изработува фалсификувани јавни исправи, а со наредба на Основен суд Скопје 1 во петокот извршиле претрес во неговиот дом. Притоа се пронајдени и одземени компјутер, преносен компјутер, пластифицирана фолија, бланко пластични картички за изработка на лични карти, возачки дозволи и слично, скенер, печатач, електронски уред за печатење и пластифицирање лични карти и возачки дозволи, изводи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Управата за водење на матичните книги, судски решенија, како и пресуди, наводно издадени и заверени со потпис и печат од Основен суд Скопје 1 Скопје. Освен тоа, имало и документи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Министерство за внатрешни работи, нотарски печати, сертификати, уверенија за завршено образование и други јавни исправи.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести