период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.05.2017, 12:27

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА МУЗЕИТЕ

Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви

Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола е годинашен добитник на наградата „18 Мај - Меѓународен ден на музеите“ за музеј на годината за новоотворениот музеј Спомен-куќа на Татарчеви, соопшти Македонскиот национален комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНK ИKОМ). Наградите ќе бидат доделени денеска во Даут-пашиниот амам во Скопје во рамките на одбележувањето на Денот на музеите.

Наградата за музејски проект на годината ќе им биде доделена на Спомен-куќата на Мајка Тереза за проектот „Тишината раскажува за Мајка Тереза“ од авторот Цветанка Вучковска-Митовска и на Музејот на македонската борба - Скопје за проектот „Вики клуб во Музејот на македонската борба“ од авторите Даниела Митевска и Ана Вишинова.

Наградата за надворешен музејски соработник годинава ќе му биде доделена на новинарот Тони Димков за ангажманите во афирмацијата на културата и музејското работење.

Музеите - центри за помирување

По повод меѓународниот Ден на музеите, Македонскиот национален комитет на „Синиот штит“ ќе одржи форум на тема „Минимум опрема за дејство во вонредни состојби во институциите од културата“, а националниот комитет на Меѓународниот совет на музеите и (МНK ИKОМ) го организира советувањето на тема „Музеите и спорните истории - кажувајќи го неискажливото во музеите“, зададена од Меѓународниот совет на музеите - ИKОМ, со седиште во Париз, Франција.

- Оваа година темата се фокусира на улогата на музеите кои, работејќи за доброто на општеството, стануваат центри за помирување на народите. Исто така, се нагласува прифаќањето на спорните истории како прв чекор кон замислување заедничка иднина во знак на помирување - наведува Маја Чанкуловска-Михајловска, претседател на МНK ИKОМ.

Меѓународниот Ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество.

Македонскиот културно-информативен центар во Бугарија на Ноќта на музеите во Пловдив

Со отворање на изложбата „Поврзување“ на македонските ликовни уметници што живеат и работат во Бугарија, Kултурно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Бугарија, синоќа се вклучи во одбележувањето на Ноќта на музеите во Пловдив, кој е избран за Европска престолнина на културата за 2019 година, заедно со италијанскиот град Матера.

- Во репрезентативниот простор на Балабановата куќа со педесетина дела ќе бидат претставени ликовните уметници Маријана Иванова (плакат), Марјан Ѕин (масло на платно), Зоран Мише (графика), Перица Георгиев - Пепси (масло на платно), Иван Стоименов (скулптура), Горан Тричковски (графика), Слободан Милошески (скулптура), Павел Целкоски (графика) и Иво Пецов (масло на платно) - соопшти Kултурно-информативниот центар.

Проектот е поддржан и од македонското Министерство за култура.

#



Останати вести
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја
Потпишан Договорот за изградба на клиничкиот центар во Скопје
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Проект со најголемо значење за македонското здравство
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Фиорентина прва тргна по Несторвски со 10 милиони евра
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј
Иванов од утре во Јордан
Моника Белучи страсно љуби на сцена
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Новиот македонски филм за тројца бездомници премиерно во театарот „Џинот“
Графичкото мајсторство на светски познатиот скулптор Иван Мештровиќ за „Европската ноќ на музеите“
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети
Прекинат филм на Канскиот фестивал
Го бодел со нож зетот во болница
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк
Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Крис Корнел се самоубил
Откриена мистеријата за насукано морско суштество во Индонезија
Кучињата може да "зборуваат" со луѓето
Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести