период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 19.05.2017, 11:23

Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети

 

Почнуваат преговорите за составот на новата влада. Откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  го доби мандатот од Претседателот Ѓорге Иванов, од денеска официјално ќе почнат преговорите за поделба на ресорите (министерските позиции) во новиот владин кабинет.

Планирана е средба на Заев со претеседателот на ДУИ, Али Ахмети, а се очекува разговорите да продолжат и во текот на викендот.

Движењето Беса сака да биде дел од новата реформска влада, но бара гаранции и рокови за исполнување на обврските кои ќе бидат дел од владината програма. Претседателот на партијата Биљал Касами, во неколку наврати изјави дека не сакаат да бидат дел од влада во која се луѓе за кои се води истрага на СЈО.

Алијанса за Албанците бара фокусот на преговорите да бидат барањата на албанските гласачи.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Иванов од утре во Јордан
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести