период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 15:29

ПАЗАРНА ИНСПЕKЦИЈА

Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати

Имињата на фирмите што беа казнети за лажни попусти остануваат непознати за јавноста. Пазарниот инспекторат останува на ставот дека не може да одговори на барањето на „Дневник“ за информација за кои продавници станува збор, бидејќи против нив се водат постапки пред надлежните судови. Ваквиот одговор од нивна страна доаѓа и по барањето на весникот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Во инспекторатот велат дека објавувањето на имињата би можело да има штетни последици за постапките што се водат против фирмите.

- Во случајот се работи за предмети за кои се водат постапки пред надлежните судски органи, а давање повеќе информации би имало штетни последици за текот на постапките. Kонстатираните прекршоци се однесуваат за физички неиздвоена стока што е на распродажба од другата стока - велат во Инспекторатот. Според нив, во еден случај, трговецот не ја истакнал цената согласно одредбите од Законот за заштитата на потрошувачите.

Во инспекторатот велат дека во последниот квартал од 2016 година направиле 115 инспекциски надзори.

Според нив, ако Државниот пазарен инспектор при вршење инспекциски надзор констатира неправилност во делот на намалувањето на цените, согласно Законот за заштита на потрошувачите ќе води прво постапка на едукација.

- Ако субјектот на надзорот, односно правното лице не постапи по едукацијата во законски рок од 8 дена, инспекторот ќе почне со водење прекршочна постапка. Глоба од 700 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на правното лице, односно трговец поединец и глоба од 30 отсто од одмерената глоба на правното лице - велат во Инспекторатот. Од нивна страна велат дека инспекциските надзори се вршат согласно Законот за заштита на потрошувачите.

Во трговските центри и во бутиците во ек е распродажба на зимските колекции, барем ако се суди по плакатите на излозите за тоа колкаво е намалувањето на одредени производи. Дел од продавачките во бутиците велат дека имаат понуда на артикли со попуст истакнат на излогот, а други не коментираат ништо и оставаат потрошувачите сами да донесат одлука дали попустите се лажни.

Според Законот за заштитата на потрошувачите, намалувањата на цените треба да бидат реални и вистинити и мора да бидат изразени во износ или во проценти. Битен елемент кај намалувањето на цените е претходна цена. Трговецот треба да ја применува 30 дена пред почнување на распродажба на производите и мора да бидат назначени и старата и новата цена (или процентот на намаление до видливата стара цена, која може да биде и пречкртана).

Трговецот мора физички да ги одвои производите што се ставени на распродажба од производите што не се на распродажба и јасно и на видно место да истакне натпис дека се работи за распродажба.

Валентина Ангеловска

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести