период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 13:08

СПОРЕД СТУДИЈАТА ОБЈАВЕНА ВО БРИТАНСKОТО МЕДИЦИНСKО СПИСАНИЕ „ЛАНСЕТ“

Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот

Претставниците на народот Тсимани, кој живее во шумите на Боливиј,а имаат најздрави срца во светот, тврдат научниците во студијата објавена во британското медицинско списание „Лансет“. Речиси ниту еден член од тој народ нема затнати артерии ниту во длабоката старост, пишува Би-би-си.

-Тие се навистина прекрасни, а нивната исхрана, начинот на живот се радикално различни - тврдат научниците.

Остатокот од светот тешко може да живее како овие ловци собирачи

„Мора да се признае дека остатокот од светот тешко може да живее како овие ловци собирачи, меѓутоа од нивното постоење може многу да се научи“ -пишува „Јутарњи лист“.

Тсиманите живеат во подрачјето околу реката Манича во џунглите на Амазон, во низините на Боливија.

Начинот на живот на сите 16.000 припадници на овој народ е сличен на луѓето што на тоа подрачје живееле пред повеќе илјади години.

Народот Тсимани јаде диви свињи, тапири и водни свињи (17 проценти од нивната исхрана се месо од овие три животни), како и пирана и сом (7 проценти од нивната исхрана се место од овие две риби). Остатокот од нивната исхрана го сочинуваат ориз, пченка, маниока и плантана банани, како и сето овошје и јаткастите плодови што ќе ги пронајдат.

Тоа значи дека 72 отсто од калориите што ги консумираат доаѓаат од јаглерохидратите, 14 отсто доаѓаат од мастите, а 14 проценти од протеините. Тсиманите се исклучително физички активни и во еден ден просечно прават од 15.000 до 17.000 чекори: мажите 17.000, жените 16.000, а повозрасните од 60 години повеќе од 15.000 чекори.

-Навистина е импресивно колку се активни - вели Грегори Томас, еден од истражувачите што придонеле за студијата.

Многу малку пушат, но умираат предвреме поради инфекции

Научниците забележале дека Тсиманите се толку здрави што ниту на 75 години немаат талог на калциум во коронарните артерии. Само за споредба, една четвртина од Американците на 45-годишна возраст во коронарните артерии имаа талог од калциум, додека дури 80 отсто Американци стари 75 години имаат талог од калциум.

Исто така, Тсиманите многу помалку пушат, но умираат предвреме поради инфекции. Според некои теории, нивните срца ги штитат и цревата во дигестивниот систем бидејќи го намалуваат интензитетот на реакцијата на имунолошкиот систем.

Што може да се научи од народот Тсимани

- Сметам дека на физичката активност треба да пристапиме холистички. Возете се со велосипед на работа, качувајте се по скали, а не со лифт и на компјутерот работете стоејќи или одејќи - изјавил Мајкл Гурвен, професор по антропологија од Универзитетот „Санта Барбара“ во Kалифорнија.

- Треба да вежбаме многу повеќе отколку што тоа сега го практикуваме. Модерниот свет н` одржува во живот, но урбанизацијата и специјализацијата претставуваат ризик за здравјето на срцето. Тие живеат во помали заедница и се многу социјални и генерално се позитивни луѓе - додава д-р Томас.

Kардиологот Гевин Сендеркок од Универзитетот во Есекс ја пофалил студијата и нејзините резултати.

-Ова е одлична студија со уникатни резултати. Фактот дека Тсиманите 72 процента од енергијата ја добиваат од јаглерохидратите се коси со неодамнешните сугестии дека јаглерохидратите се нездарви - објасни тој.

- Едноставно кажано, во вашиот начин на исхрана мора да доминираат непреработените производи и храната со малку заситени масти. Не смеете да пушите и мора да бидете активни. Ако така живеете не би требало да имате проблеми со срцето и крвните садови - изјавил професорот Навид Сатир од Универзитетот во Глазгов.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести