период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 11:27

„ЊуЈорк таЈмс“ прави скандал со непроверени информации

Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите

Скандалот со руското влијание што ја зафати Белата куќа драматично се продлабочи во вторникот вечерта по веста дека некои помошници на Трамп во кампањата наводно често контактирале со руски разузнавачи минатата година. „Њујорк тајмс“ објави извештај помалку од 24 часа откако советникот за национална безбедност, Мајкл Флин, поднесе оставка поради разговорите со рускиот амбасадор во Вашингтон. „Њујорк тајмс“ цитира четворица неименувани актуелни и поранешни американски разузнавачи, кои признаваат дека досега не виделе докази во пресретнатите телефонски комуникации дека службениците од кампањата на Трамп соработувале со руското разузнавање како дел од руските напори за свртување на изборите во корист на Трамп. Службениците не објаснуваат за што биле разговорите, кој е идентитетот на руските разузнавачи и колку советници на Трамп зборувале со Русите. Не е јасно ни дали разговорите воопшто биле поврзани со Трамп, пишува „Њујорк тајмс“.

Во извештај на Си-ен-ен се наведува дека високорангирани советници блиски до претседателот Доналд Трамп за време на кампањата биле во постојана комуникација со Руси познати на американското разузнавање. Покрај несигурностите, извештаите се загрозувачки за администрацијата на Трамп на неколку нивоа. Тие се категорично контрадикторни со тврдењата на портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, кој во вторникот ги повтори претходните процени дека немало предизборни контакти меѓу тимот на Трамп и руските службеници. Извештаите се дополнителен притисок на републиканското лидерство во Kонгресот за започнување сослушувања за руското мешање во изборите кои беа ветени, но досега не се реализираа. Извештаите, како што пишува британски „Гардијан“, се дополнителен знак дека разузнавачите сакаат да објавуваат информации против администрацијата на Трамп, со што прават да е екстремно ризично Белата куќа да се обиде да ги затвори истрагите за заговор со Москва, кои наводно се водат од неколку разузнавачки агенции. Со последните известувања се додава дополнителна тежина на извештаите за врските на кампањата на Трамп со Kремљ, составени и предадени на ФБИ од страна на Kристофер Стил од МИ6. Единствениот соработник на Трамп именуван во извештајот на „Њујорк тајмс“ како лице што учествувало во контактите е Пол Манафорт, кој беше менаџер на кампањата на Трамп неколку месеци минатото лето. Тој претходно работел како советник на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој беше поддржан од Москва, како и од проруските украински олигарси. Манафорт постојано негира дека имал контакти со руски службеници.

- Никогаш свесно не сум разговарал со руски разузнавачи и никогаш не сум бил вмешан во нешто поврзано со руската влада или администрацијата на Путин или други прашања што денес се под истрага. Тие луѓе не носат беџови на кои пишува дека се руски разузнавачи - изјавил тој за „Њујорк пост“.

Манафорт ја напушти кампањата во август кога беа објавени наводите за неговите активности во Украина. Kампањата тогаш се дистанцира од американскиот бизнисмен Kартер Пејџ кого Трамп претходно го опишуваше како советник откако беше објавено дека Пејџ имал контакти со поручници на Путин. „Брејтбарт“ посочува дека во извештајот на „Њујорк тајмс“ нема приказна и за тоа наведува неколку причини, како немањето докази, извртувањето на шегите на Трамп во негови ставови и друго.

Во меѓувреме водечките членови на Републиканската партија се приклучија кон повиците за истрага на врските на Мајкл Флин со Русија, пренесе Би-би-си. Така, Џон Мекејн истакна дека оставката на Флин е индикатор за нефункционирањето на моментниот апарат за национална безбедност, кој иницира прашања за намерите на Трамп со Русија. Сенаторот Рој Блант повика на истрага за сите наводни врски меѓу Трамп и некои руски службеници. Истовремено, Девин Нунс, претседателот на Разузнавачкиот комитет при Претставничкиот дом, изјави дека сака да ги истражи објавените документи кои доведоа до оставка на Флин и рече дека ФБИ треба да објасни зошто бил сниман разговорот на Флин. Мич Меконел рече дека Разузнавачкиот комитет веќе го разгледува руското влијание на изборите посочувајќи дека нема потреба за нов истражен панел.

Прибус стои зад падот на Флин?

Чистката на Флин осмислена од Рејнс Прибус, шефот на кабинетот на Белата куќа и претседател на Републиканскиот национален комитет во Вашингтон, е „Перл Харбор“ за оние што му се верни на Трамп - напад поради кој поддржувачите на Трамп сметаат дека Прибус треба да си замине, пренесува порталот „Инфоворс“. Грижата меѓу оние што му се верни на Трамп е дека сега кога Прибус успеа да се ослободи од Флин, следна цел ќе му бидат советниците Стив Милер, Стив Банон и Kелијан Kонвеј. Порталот заклучил дека Прибус е главниот предавач на информации во Белата куќа и бара тој да преземе целосна одговорност.

Руски шпиони во Белата куќа?

„Интернешнл бизнис-тајмс“, повикувајќи се на поранешен аналитичар од НСА, објави дека фрустрирани разузнавачи во САД наводно не му пренесуваат доверливи информации од Трамп стравувајќи дека Белата куќа е компромитирана од руски оперативци. Џон Шиндлер, поранешен контраразузнавачки експерт на НСА, вели дека некои шпиони се револтирани поради недостигот од поддршка од Трамп. Службеник во Пентагон вели дека се верува оти Kремљ има уши во овалната канцеларија.

- Со децении НСА изготвуваше специјални извештаи само за очите на претседателот кои содржеа многу чувствителни разузнавачки информации. Во последните три недели НСА прекина да го прави тоа од страв дека Трамп и неговите вработени не можат да ги чуваат тајните. Зошто да ги ризикуваат најчувствителните информации кога претседателот може и да ги игнорира - вели Шиндлер, кој цитира анонимен службеник од Пентагон кој рекол дека од 20 јануари се претпоставува дека Kремљ има дојавувачи во Белата куќа и дека нема многу работи што Русија не ги знае. #



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести