период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 18.05.2017, 16:26

Трамп ќе ги повлече САД од НАТО ако сојузниците не ги зголемат придонесите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е задоволен бидејќи сојузниците се обврзаа дека ќе ја зголемат финансиската помош, но не ја исклучува можноста да ги повлече САД од алијансата доколку тие ветувања не бидат исполнети, наведе извор од Белата куќа. 

- Засега претседателот е задоволен од она што го гледа. Тој гледа дека тие реагираат позитивно - наведе изворот.

Трамп на 25 мај ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел. 

- Но, ако ништо не се случи или ако се случува многу бавно, ќе останеме будни - нагласи изворот. 

ДПА синоќа јави дека друг анонимен вработен во Белата куќа навел оти Трамп нема да остане во НАТО доколку сојузот не постигне доволно брз напредок. 

- Тој би сакал да остане во НАТО, но тој нема да остане во алијансата ако НАТО не постигне многу поголем напредок за многу побрзо време - истакна анонимниот вработен. 

Трамп на средбата на врвот во Брисел веројатно ќе продолжи да врши притисок врз сојузниците да ги зголемат расходите за одбрана.

#



Останати вести
Ако го ограничите слободното влегување во земјата, ќе платите!
Муслимански свештеник предизвика бурни реакции во исламскиот свет
Пред очите на KФОР никнува исламистички терористички центар на Балканот
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести