период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 11:52

Убиството извршено во текот на претседателската кампања станува нерасветлено

Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“

Семејството на Сет Рич, поранешен вработен во американскиот Демократски националниот комитет (ДНЦ), кој беше застрелан и убиен во Вашингтон минатото лето, ги негираше извештаите дека нивниот син стои зад обелоденувањето на повеќе од 44.000 имејлови до „Викиликс“, непосредно пред неговата смрт.

- Во текот на изминатата година имаше многу неосновани тврдења, но не гледаме факти, не видовме докази - се вели во соопштението од семејството Рич. Дури и ако утре биде пронајден некој мејл, тоа нема да биде доволно убедлив доказ за да се докаже каква било врска со „Викиликс“ бидејќи пораките можат да бидат променети, а видовме дека оние кои се заинтересирани за правење заговори ништо нема да ги запре да го прават тоа - истакнале од фамилијата, пренесува „Егзаминер“.

Претходно, „Фокс њуз“ објави дека 27-годишниот Сет Рич, можеби, е личноста што ги даде информациите за ДНЦ на „Викиликс“, од кои се покажа, меѓу другото, дека ДНЦ ја фаворизирал Хилари Kлинтон во однос на Берни Сандерс, за време на кампањата во демократскиот кампус за американските претседателски избори. Во текстот на „Фокс њуз“ се наведува дека федералните иследници пронашле 44.053 пораки и уште 17.761 придружни документи кои ги размениле лидерите на Демократскиот национален комитет од јануари 2015 година до мај 2016 година. Тие пораки наводно Рич ги испратил на Гевин Мекфајден, американски новинар и директор на „Викиликс“ во Лондон. Таа информација, наводно, била пронајдена од ФБИ во компјутерот на Рич неколку дена по неговото убиство.

Семејството е особено чувствително на шпекулациите за убиството бидејќи Рич беше убиен во екот на претседателската кампања, а случајот останува нерешен. Но, Вилер инсистира на тоа дека има докази за да ги поддржи тврдењата, пишува „Фокс њуз“. По ова реагира Бред Бауман, портпарол на семејството Рич, кој за Ен-би-си изјави дека пишувањето на „Фокс њуз“ не е вистинито. Бауман изјави дека Ед Бутовски, конзервативен финансиски советник од Далас, се понудил на семејството тој да ги покрие трошоците за да се ангажира приватен детектив кој би ја истражувал смртта на Рич. Семејството се согласило и бил најмен Род Вилер, поранешен детектив за убиства од Вашингтон со цел да го истражи убиството.

- Мојата истрагата до овој момент покажува дека постоела одредена размена на имејлови меѓу Рич и „Викиликс“ - изјави Вилер за „Фокс њуз“ и додаде дека одговорите за тоа кој го убил Сет се наоѓаат во неговиот лаптоп што се наоѓа на некоја полица во полицијата во Вашингтон или во штабот на ФБИ.

Но, Бауман, портпаролот на семејството Рич, побара да се прави разлика помеѓу ставот на семејството во врска со смртта на нивниот син и изјавите на ангажираниот детектив. За таа цел Бауман за Ен-би-си ја објасни улогата на Бутовски во целиот случај.

- Ние сме семејство кое верува во факти, а не во лажни докази кои се појавуваат на секои неколку месеци за да се пополни науспехот во спроведување на законот и да го одвлечат вниманието на јавност од пронаоѓање на убијците на Сет. Услугите на приватниот детектив кој зборуваше на прес-конференција, беа понудени на семејството и платени од трети лица, но договорно беше забрането да се зборува за печатот или со лица кои го спроведуваат законот без одобрение од семејството - се вели во соопштението на семејството.

Поранешен полициски службеник близок до истрагата за смртта на Рич, во понеделникот изјави дека изјавата на детективот Вилер за лаптопот на Рич е неточна бидејќи уредот бил испитан и не се најдени никакви пораки кои упатуваат на врска со „Викиликс“. Покрај тоа, и ФБИ ги испитуваше доказите.

На 22 јули, само 12 дена откако Рич беше убиен, „Викиликс“ објави пораки од кои се гледа како врвот на Демократската партија ковала заговор да се спречи сенаторот Берни Сандерс да стане претседателски кандидат на партијата. Првиот човек на

„Викиликс“, Џулијан Асанж не го идентификува Рич како извор од кој беа добиени пораките, но пројави голем интерес за случајот и не негира дека соработувал со Рич. „Викиликс“ понуди награда од 20.000 долари за информации во врска со убиството на поранешниот вработен во ДНЦ, пишува „Фокс њуз“.

Официјални лица од американското разузнавање веруваат дека Русија, а не Рич, ги хакирала имејловите на ДНЦ и овозможи тие информации да стигнат до „Викиликс“.

Но, детективот Вилер изјави дека верува дека некој во владата во Вашингтон, во Демократскиот комитет или во кампусот на Хилари Kлинтон ја блокира истрагата.

Рич беше убиен минатото лето на пат кон дома во Вашингтон. Два пати беше застрелан во грбот, но не беше ограбен. Полицијата од Вашингтон с` уште нема осомничени и нема никакви солидни траги кои водат до убиецот или убијците на Рич, велат извори блиски до истрагата.

Белата куќа молчи за случајот

Белата куќа одби да ги коментира новите детали за смртта на Сет Рич.

- Не сум запознаен со тоа - изјави прес-секретарот Шон Спајсер.

Тој додаде дека би било мошне несоодветно да коментира што било за тековната истрага, пренесе „Брејтбарт“.

И од Демократскиот национален комитет, исто така, одбија да ја коментираат истрагата со објаснување дека знаат оти нема докази кои ги поддржуваат овие тврдења.

- Ние продолжуваме да соработуваме со инспекторите и нема дополнителни коментари - се вели во соопштението.

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена
Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести