период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 18.05.2017, 16:33

KАKО СЕ KОРИСТАТ БИЛЕТИte ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Валидаторот прво ги троши временските билети, а потоа парите на е-картичката

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) со воведувањето на системот на електронска наплата во своите возила воведе и низа нови билети што се запишани во тарифниот систем, а кои малку се користат од патниците. На пример, постои дневен билет за комбиниран превоз со автобус и жичница во две насоки, дневен билет за комбиниран превоз со автобус, жичница и лифт на крстот на Водно, привремен билет за повеќе возења во времетраење од 90 минути, 7-дневен билет со вклучен еден билет за жичницата, како и месечни, тримесечни и шестмесечни билети и разни други дополнителни и сезонски билети.

Има упатство за користење до валидаторот

За тоа дали сите овие билети се во функција и колку се користат од ЈСП велат дека од сите билети што ги имаат корисниците на располагање, најмногу се користи оној за 10 возења со траење од 15 дена бидејќи тој најмногу им одговара на лицата што секојдневно го користат јавниот превоз за одење до работа и назад.

- Што се однесува до комбинираните билети, тие најмногу се користат за време на викендите, кога граѓаните ја посетуваат жичницата на Водно, а останатите типови билети се користат, но не во голем обем и во согласност со очекувањата на ЈСП - одговорија од претпријатието.

Тие не прецизираа колку поединечно од овие нови билети им продале на патниците.

Меѓутоа, на многумина од граѓаните им е нејасно како може валидаторот да ги препознае одделните билети, доколку на пример во текот на денот користеле од билетот за 10 возења, а вечерта сакаат да користат ноќен билет или ако се уште не им е потрошен билетот за 10 возења, а за време на викенд сакаат да искористат билет во траење од 90 минути. Многу патници купуваат комбинации од билети и ги вметнуваат во е-картичките, а доставаат и пари, кои им стојат на картичката и се трошат во случај ако истекол или се потрошил билетот за 10 возења или останатите привремени билети.

Од ЈСП објаснуваат дека валидаторот е програмиран прво да ги препознава привремените билети, а потоа да наплаќа од електронскиот паричник.

- Kога станува збор за користење на билетот со времетраење од 90 минути, до самиот валидатор има упатство како тој се користи - појаснуваат од претпријатието.

Директор на приватното претпријатие за превоз на патници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски вели дека и во приватните автобуси функционираат сите видови билети кои се наведени во тарифниот систем, но немаат точна евиденција за тоа кој вид билет е најупотребуван.

- Ние немаме евиденција, тоа треба да го прави ЈСП. Ние добиваме извештаи за остварени полуобрти - изјави Јовановски.

Приватните автобуси не се внесени во возниот ред на ЈСП

Во тарифниот систем во рамките на ценовникот на веб-страницата на ЈСП може да се забележи дека стои билет купен во возило за едно возење, кој всушност веќе не постои како единечен билет што може да се купи, односно едно возење може да се оствари само со мобилен телефон или ако веќе патникот поседува електронска картичка.

Од претпријатието посочија дека билетот за едно возење постои, со таа разлика што нема посебен билет за тоа туку валидаторот одбива 35 денари од електронскиот паричник во е-картичката.

Патниците реагираат и дека им е нејасно за возниот ред, кој сега е единствен и за возилата на ЈСП и за приватниот превоз, но на веб-страницата на претпријатието може да се прочита само распоредот на ЈСП, а на информативните дигитални табли на стојалиштата се најавуваат и приватните и автобусите на ЈСП.

Јовановски вели дека ЈСП треба да знае зошто во возниот ред не се вметнати и линиите на приватните превозници и кога тоа ќе го направи.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ потврдија дека линиите на приватните превозници не се вметнати во возниот ред на страницата на ЈСП, заради технички проблем за кој се надеваат дека во најбрзо време ќе биде саниран.

Анела Петрова

#



Останати вести
Центарот за деца со церебрална парализа ќе се смести во УЗ „Славе Георгиевски - Шнајдерот“
Велосипедска трка низ Скопје

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести