период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 12.06.2017, 14:00

Пропелер од претстави во "Кино култура"



Вечерва со почеток во 20:00 часот, во "Кино култура" ќе се одржи театарската претстава "Антигона и Креонт" како дел од "Пропелер фест" - ревија на театарски претстави на Театар "Навигатор Цветко", за крајот на годинашната театарска сезона во "кино култура" - простор за современи изведувачки уметности и современа култура.



"Антигона и Креонт" е работена според "Антигона" на Софокле, "Антигона" на Жан Ануј и "Креонтовата Антигона" на Миро Гавран

Адаптацијата е на Нела Витошевиќ и на Ивана Нелковска

Режијата е на Нела Витошевиќ

Играат: Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ Наталија Теодосиева

Зоран Љутков, Благој Веселинов и Стефан Вујисиќ

Сценографијата е на: Васил Христов

Костимографијата е на Розе Трајческа

Изборот на музиката е на Нела Витошевиќ и на Васил Христов

Мајстор на звук е на Виктор Андоновски

Плакатот е дело на Филип Унковски.



Карти може да се набават онлајн преку продажната мрежа на www.kupikartizase.com

или во продажните места на www.kupikartizase.com.

Во четврток (15 јуни) со почеток во 20 часот се игра "Лерин, полиња жито, ридишта крв", во режија на Слободан Унковски според текст на Русомир Богдановски. Играат: Симона Димковска, Наталија Теодосиева, Ивана Павлаковиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Стефан Вујисиќ, Владимир Петровиќ. Во недела (18 јуни) во 20 часот се игра "Антигона и Креонт".

На 20 јуни (вторник) се игра "Солун, град на духови". Драматургот Русомир Богдановски создаде играна драма од историската хроника на познатиот историчар и професор, Марк Мазовер. ?режијата е на: Слободан Унковски. Играат: Наталија Теодосиева, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Мартин Манев.

На 22 јуни (четврток) на репертоарот на "Пропелер" е "Лерин, полиња жито, ридишта крв".

Билети на претпродажба може да се најдат на онлајн, на: www.kupikartizase.com.

#



Останати вести
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести