период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 21.03.2017, 01:10

КАКО МЕДИУМИТЕ „ЗАКРВУВААТ“

Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“

„Смрт за Шиптари“ е плакатот што го држат в раце млади момчиња, за кои се тврди дека последниве денови се дел од протестите против тиранската платформа во рамките на „За заедничка Македонија“. Ова е веста што вчера кружеше низ медиумите на албански јазик од земјава, а потоа се прошири и во медиумите од Албанија и од Kосово. Сепак, целата спектакуларна вест пренесувана под наслови како „Смрт за Шиптарите – плакати во рацете на младите Македонци“, која најпрво беше објавена на порталот „Ина онлајн“, се заснова на фотографија стара најмалку три години.



Имено, на фотографијата може да се види група млади лица собрани пред споменик на локација која не е наведена, а личи на Битола, и тие во рацете држат македонско знаме и платно на кое со зелени букви е испишано „Смрт за Шиптари“. Медиумите на албански јазик веднаш ја поврзаа фотографијата со актуелните протести иако може да се види дека младите лица што се фотографирани се облечени во летна облека, а и дрвјата во заднина се раззеленети, што посочува дека фотографијата најверојатно е направена во доцна пролет или лето. Исто така, лесно може да се забележи и слабиот квалитет на фотографијата.

Едноставно пребарување на интернет покажува дека фотографијата е стара најмалку три години. Истата фотографија е објавена на форумот „Априсити“ на 7 октомври 2014 година и тоа јасно покажува дека станува збор за изолиран испад на некои момчиња, какви што впрочем има од „другата страна“ со „Смрт за каурите“, настани кои никој сериозен во оваа земја веќе не ги третира за нешто на што вреди да му се посветува внимание.

Но, тоа не пречеше албанските медиуми да создадат вистинска хистерија и таа фотографија да ја стават како дел од протестите на „За заедничка Македонија“, очигледно обидувајќи се да внесат „крв“ меѓу младите од македонска и од албанска националност. Понатаму во текстот кој вчера беше објавен од страна на албанските медиуми, се наведува дека Министерството за внатрешни работи треба да преземе мерки против групите што шират јазик на омраза, но во тие групи не се ставаат самите, иако тоа што го прават е класична манипулација со цел да ја рашират национална омраза импутирајќи им ја на протестите кои се одвиваат низ градовите во Македонија.

- Ваквите пароли во текот на последните протести се среќаваат и во неколку други градови, но и на стадионите – стои на крајот од текстот, што само што само по себе е нова лага.

Сосема на крајот е ставена и втора фотографија од млад човек како клечи пред ѕид на кој е испишана истата порака – смрт за Шиптари. Таа фотографија воопшто не е искоментирана и исто така и за неа не е наведено кога и каде е направена.

Патем, на самиот почеток на протестите, имаше еден или два вакви крајно изолирани инцидентите кои секогаш може да потекнуваат и од уфрлени лица, но тие од организаторите веднаш беа замолчани и веќе не се повторија. Но и тоа не пречеше медиумите на албански јазик во Македонија да тврдат дека тоа се повторува секој ден, а една иста снимка од тој настан да ја повторуваат катадневно алудирајќи дека тоа се случува константно и дека протестите против тиранската платформа на Еди Рама се всушност протести против Албанците, што претставува уште еден обид на истите медиуми да шират национална и верска омраза.

#



Останати вести
Нема време за губење
Иванов нема да се сретне со Хан - терминот го отстапува на „За заедничка Македонија“
Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“
СДСМ за претседател на Собранието прво ќе го постави Спасовски како Македонец, а понатаму ќе се одбере Албанец
Денешниот протест против Сорос и неговите организации
Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
Работиме професионално, морално и согласно законот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
исток, 21.03.2017 09:06:13
Албанци како Македонците мирољубив народ на балканот нема а вие упорно со вашата пропаганда терористичка сакате војна. Вие албанези стварно сакате судири ама ако тргне тогаш нема назад . Само бидете мажи немојте уште на вториот ден како што беше да плачете во еу и сад.
за хушкањето во медиумите, 21.03.2017 09:13:55
Недостасува уште Џевдет Хајредини со неговите потсетувања во медиумите за “гасните комори“.
Od Italia, 21.03.2017 09:47:36
Nivnata taktika e odsekogas ista ,da se pretstavuvaat kako zrtvi vo javnosta ..siromaskite. No za zal veke e viden film
Најнови вести