период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.03.2017, 17:43

ИГНОРИРААТ 81 ОТСТО ОД ГРАЃАНИТЕ НА РМ

Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројката европратеници, Иво Вајгл, Едвард Kукан и Kнут Флекенштајн, денеска нема да се сретнат со претставниците од граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“. Ова, како што пренесува дописникот на МИА од Брисел, го изјавила портпаролката Маја Kоцијанчич. Според неа, Хан нема да има време да оствари и други состаноци покрај најавените со лидерите на најголемите политички партии. Kако што е познато, претставниците на „За заедничка Македонија“ инсистираат на средба со Хан по неофицијалните најави дека еврокомесарот во Скопје ќе се обиде да го притисне Иванов да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со тврдењето дека тиранската платформа е само парче хартија кое реално нема да може да се спроведе.

- Kако што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овој пат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе - изјавила Kоцијанчич за МИА.

Со поддршка за граѓанската иницијатива с` помасовно излегуваат граѓани не само во главниот град туку и во речиси 30 македонски града, како и во дијаспората.

„Брисел не смее да ја игнорира оваа маса народ кој бара тиранската платформа да биде отфрлена“, порачаа вчера нејзините членови Игор Дурловски и Борис Дамовски за „Дневник“.

Зошто демонстрациите и нивните пораки не допираат до Брисел и дали Хан ќе одвои од своето време да слушне што имаат да кажат на овие прашања испратени до кабинетот на еврокомесарот, вчера не добивме одговор. Единствено ни беше испратена истата изјава која Kоцијанчич ја дала за дописникот на МИА.

Од асоцијацијата симболично поставија црвено-жолти балони на крстосницата пред влезот на канцеларијата на ЕУ во Скопје порачувајќи дека нема да дозволат нивните барања да останат игнорирани и незабележани. Организаторите за денеска најавуваат пречек на Јоханес Хан со повеќе од сто илјади луѓе на улиците на Скопје. Во неодамнешната анкета на ИПИС 81 отсто од граѓаните се изјасниле против т.н. тиранска платформа.

И додека Брисел премолчено ги следи секојдневните масовни собирања деновиве во земјата, тоа не беше случај за време на протестите на т.н. шарена револуција. Тогаш дури и лично се појавија европратеници за време на протестите да изразат поддршка и да кажат дека ЕУ ги слуша нивните пораки и дека не се сами. На протестот на 17 мај бугарскиот европратеник од редовите на социјалистите, Сергеј Станишев, (кој од самиот почеток на политичката криза за време на бомбите го поддржуваше Заев), имаше и свој говор пред насобраните граѓани.

- Овде сум да го слушнам вашиот глас. Вашата порака е кристално јасна. Сакате мир. Гледам луѓе од разни етнички заедници кои се заедно. Јасно слушнав дека сакате демократија. Сакам да знаете дека вашиот глас се слуша и во ЕУ, никој не може да ве игнорира - рече тогаш Станишев.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Чавков: Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“
Откажете се од платформата, за да добиете мандат
Се тресе „Алијансата“ на Зијадин Села

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Makedonec, 21.03.2017 07:23:21
Pa ako se krijat od narodov netreba ni da doajgaat ovde kajnas voopsto ne ni se potrebni , a ako se so nameri da vrsat pritisok na predsedatelov Ivanov a i na Gruevski jas predlagam uste odma deneska duri se tuka da se proglasat site cetvorica za PERSONA NONGRATE vo nasava drzava da zivee MAKEDONIJA.
коста, 21.03.2017 07:41:53
Не не игнорираат, напротив. Тие, едноставно, ја спроведуваат главната идеја, а тоа е уништување на Македонија. Зашто би разговарале со некого кој сака да ја сочува Македонија? Впрочем, не верувам дека Рама и гего-шиптарските политички измеќари во Македонија имаат толку памет да ја состават тиранската платформа, па сосема оправдано сметам дека е таа дело токму на овие фашистичко-хомосексуални бирократи кои и денес ќе дојдат кај нас, и тоа - каков цинизам! - заради доброто на оваа македонска земја и народ. Грешката е во нас, посебно во крајно неодговорниот дел од македонски народ, политичарите и медиумите кои им оставаат простор на овие нелуѓе, наместо ние нив да ги игнорираме.
Најнови вести