период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 18.05.2017, 16:34

Велосипедска трка низ Скопје

Улиците во централното градско подрачје на Скопје в сабота напладне повторно ќе бидат наменети за љубителите на тркала, кога со старт кај порта Македонија по третпат ќе се одржи пролетното издание на „Вози право - вози здраво“. Оваа трка ќе се вози за нова урбана опрема што Стопанска банка АД - Скопје ќе ја донира за Градот.

Регистрацијата за учество е бесплатна и отворена заклучно со денеска до крајот на денот.

Сите регистрирани учесници и оние што сакаат да се регистрираат на денот на трката треба да бидат присутни во 11 часот пред порта Македонија. Учесниците се поделени во следните категории: велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, ховер-борд, а предвидена е и детска трка за деца од 1 до 11 години, кои мора да се возат со придружба на родители.

За зголемена безбедност, по должината на патеката, СВР Скопје и волонтери ќе се погрижат сообраќајот да има привремен карактер и да можат учесниците безбедно и без прекини да пристигнат до целта во Градскиот парк. На целта, учесниците ќе ги очекуваат многубројни подароци и изненадувања, музичка и театарска претстава на сцената и лотарија на подароци за секоја категорија учесници.

Стопанска банка АД - Скопје во своите заложби како општествено одговорна компанија повторно како круна на проектот за жителите на Скопје ќе донира урбана опрема за велосипедисти.

Од првото издание на „Вози право - вози здраво“ донацијата беше првиот детски велосипедски полигон кој го краси паркот „Македонија“, а од второто издание, Стопанска банка донира пет станици за поправка на велосипеди и 100 паркинзи за велосипеди.

#



Останати вести
Центарот за деца со церебрална парализа ќе се смести во УЗ „Славе Георгиевски - Шнајдерот“
Валидаторот прво ги троши временските билети, а потоа парите на е-картичката

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести