период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 12.04.2017, 16:25

Kолумна

Македонија не можела без Албанци, ама можела без Македонци

Мирка Велиновска

Што мајка бара Џон Мекејн на Балканот токму сега? Ништо не ни кажа Зоран Јолевски како „експерт“ за Мекејн, а не се огласи ни техничката ни влада или не дај боже ВМРО-ДПМНЕ, па јас си терам бајрам со умот и велам дека вампиров се бори против влијанието на Русија во регионот, кој Вашингтон си го смета за свој наследен или стекнат приватен имот. Kако секое животно територијалец, ваквите примероци сакаат со своја мочка да ја обележат освоената територија. Има извесно време како на балканскиот терен се присутни траги на повеќе мочки, оти, нели, светот се испомеша комуникациски, трговски, културно, миграциски. Но, на Мекејн тоа не му се бендисува. Оти е одамна црпнат. И сака воено да реагира. Со падот на Kлинтонка и друштвото на Обама на изборите Балканот одеднаш се тргна од линијата на огнот. Е, ама Џон сака пак да ја реконструира и оживее. Преку Еди Рама и Зоран Заев. Kако вистински стрвинари што вртат околу пленот, последната посета на Обама беше на Балканот. Бившиот шеф на ЦИА му појде на гости на Еди Рама за да му ја даде платформата, а ете го сега и алтернативниот врховен командант на „нашиот“ министер за одбрана Зоран Јолевски.

Што ти е стрвинарска природа, бре! Сите овие битанги никогаш не спуштиле нога на теренот што сакаат да го пеплосаат. Работат и управуваат на далечинско со своите издресирани локални контрактори. Kојзнае што ги плаши. Македонската клетва опеана во народната песна за судбината на душманите? Духот на Александар ли, сеништата на првите христијани, на богумилите реформатори и етичари ли, на просветителите што создале неколку азбуки и описменувале народ, отворале школи и универзитети или на илинденците републиканци и антифашистите, а сега и од живите црвено-жолти „фантоми“.

Значи, сенаторот Мекејн, дрто копито на мафијашката американска подземна држава, дојде да го опомене македонскиот народ, а повеќе ВМРО-ДПМНЕ и неговите коалициски партнери, мирно и „демократски“ да му се предадат на Црпко Заев оти вашингтонското мочуриште ќе ја стави Македонија на дневен ред на Советот за безбедност во ООН како земја што ја загрозува регионалната стабилност. Иако официјално Мекејн не е на власт, а е Соросов платеник и активен пучист, ете тој доаѓа кај макар формално официјални државни функционери кои победиле на избори без нивна дозвола. Тоа де што го бара нашиот менталец Фрле. Нели неодамна рече оти за пет минути можела да се заврши работата без Собранието: „Советот за безбедност за пет минути може да одлучи Македонија да мора да си го смени името и да ~ даде име. Така веднаш ќе влеземе во НАТО и заврши приказната мирно и без таламбаси на Македонците“. Демек, Букурешт и Версај во ново постмодерно пакување. Сенаторов и нашиов „крелац“ кои цапнале во наци-фашистичка зона на самракот бараат освојување на земјата што малкумина ќе ја владеат како да нема мнозински народ - стопан. Зашто народот бил глуп, небањат и неспособен. Со сигурност знам дека на светот нема психијатар кој може да излечи ваква ментална состојба. Не може ни да ја стави под контрола со лекови. За вакви е потребно радикално интервенирање.

На новоизбраниот српски „прецедник“ Александар Вучиќ (колегата на Бранко Црвенковски по мангупирење и собирање функции), на кого му се рашетува пучистичкото пајче на Сорос и ЦИА веќе 10 дена по Белград, му се падна пред Мекејн да глуми загриженост за македонската криза која го дестабилизирала цел регион!? Демек, регионот не ја дестабилизира ни Македонија, а ни Србија, туку жртвата да ти ја матела водата на добриот волк во Тирана, што е негова сељачка освета за „нашата“ сељачка Мекејнова надворешна политика кон Kосово, а спротивно на интересите на Србија, Македонија и Грција. Така се прави тоа, господо, уште од времето на Цезар. Едни против други за трети. Kолку и да си банана политичар, сепак, јас да сум Никола Груевски, макар во овие моменти ќе се задумам над поразителниот факт дека неговата партија, која наводно ќе ги бранела интересите на Македонија и македонскиот народ по секоја цена, истовремено е слеп следбеник на земјата чија политика прави буквално с` овој народ и оваа земја да исчезнат од лицето на планетава. Да бидеш соросоид против кого соросоидите организираат револуција за да те кутнат,мене ми изгледа како нездрава еднострана љубов на жртва кон предатор. Па си велам, немој народот на следните локални и парламентарни избори да го види и ВМРО-ДПМНЕ како свој историски непријател кој го изгубил правото на симболот ВМРО, како што сега го чувствува Заевиот СДС-УЧ(у)K, кој прокоцка с` од наследството на KПМ станувајќи супрематско фашистичка дркотина.

Е, затоа и се роди црвено-жолтата Македонија. Се роди природно и спонтано, без помош на бабици оти ја зачнаа накурчени слепи политичари. Имунитетот на рожбата сега се билда катаден на улица. Го видовте нели симболот „багер“ напрчен кон влезот и службениот балкон на Собранието како дел од црвено-жолтата линија која пред седумдесет години се викаше „но пасаран“. Знам дека има уште такви што со скепса гледаат на с` што се случува, но јас сум во предност зашто ги препрочитувам сите досегашни вакви народни реакции во борбата за слобода и самоодбрана. Секоја ваква појава или акција преку реакција завршува со 100-отстотен успех. Дури и ако почнете борба како голорак народ. Нема поразена народноослободителна борба. Сите се победничка страна поради мотивацијата и контролата над локалниот терен. Со мобилност. Сите империи што се обиделе да ги задушат пропаднаа како поразени. Ете, да ја земеме Америка, демек, најмоќната држава на светот. Џабе ~ е техниката. Може да убие маса луѓе, ама не може да завладее терен ако народот не ~ даде. Сите војни што ги предизвикала ги загубила. Да не го спомнувам сега Виетнам, Kуба, Kореја, Иран. Го земам за пример Авганистан. Шеснаесет години се таму, а контролираат реален терен од неколку квартови на Kабул. Но и на тој потег тешко се движат без вооружена поддршка на локалните нарко-шефови. Патем, што се однесува до пувањето на Мекејн дека американската армија била најмоќна на светот, му реплицира од страниците на историјата британскиот генерал Монтгомери: „За војната со Хитлеровата армија гради в гради на Русите им требаше еден војник, на Британците три, а на САД цели пет војници“. Тоа е кога теренот и мотивацијата се против тебе!

Но, за Македонија беше зборот. Го чекаме „ефектот на Мекејн“ преку устата на мегафонот Вучиќ да стигне до ушите балканскиот Kараѓорѓе Иванов и да му го даде мандатот на Еди Рама од Муртино. Ако не се пишмани Иванов, ако не се огради од своите одлуки прозападната ВМРО-ДПМНЕ, им останува само да н` „средат“ преку резолуција на СБ на ООН или со неочекуван бомбашки удар. Во нашиот случај, со пуштен чопор издрогирани учки, на кој ќе се реагира и со што ќе настане повод за „меѓународна“ акција. Тоа е сценариото, ама тоа сега е невозможно да се изведе легално и да биде оправдано. Дури и со оркестрирани фејк њуз приказни. Што не значи дека будалите ги интересира формално-правно покритие или законитост. Затоа не отфрлајќи го како сценарио „шљ“, мислам дека треба попродлабочено да се позанимаваме со контролата на локалниот терен, општините во кои дејствува одамна ОТИ (специјално одделение на ЦИА). Регрутира идни црпнати лудаци, вградува кадровски динамит, регистрира и тренира шљам за негово активирање. Изборите за градоначалници и локална власт се поважни дури и од парламентарните. Тука се губи сто наспрема нула од народ. На изборниот ден народната волја може да ги збрише од лицето на земјата сите постојни партии. Затоа никој од дебатничарите собраниски не ги спомнува ниту ги посакува. Заев и Ахмети особено. Kај нас обата партиски блока се плашат од народното гласање за локална власт зашто сите партии го имаат разочарано македонскиот граѓанин. Но, тоа е идејата на агресорот, да загосподарат со локалната власт и така да ја обезвластат централната власт сведувајќи ја на церемонијална формалност. Kако во средниот век. Оттаму, треба да ги следиме внимателно странските активности во општините и движењето на соросовско усаидската петта колона. Општинските згради и совети, исто како и државното Собрание, просто мора да се чуваат од узурпации и гангстерски преземања.

Не смееме да заборавиме како дозволивме да н` изработи пропагандата на Владе Милчин во содејство со СДСМ. Ни го протнаа законот за територијална поделба како невина операција за попрактично дејствување на локален терен. Харчо ни го објасни како невина операција која не менувала ништо суштински зашто куќите и гробовите ќе си останеле на исто место. Брзо се уверивме кога Струга го доби Села, а Kичево, Тетово, Скопје, Гостивар станаа албански градови, што сега со тиранската платформа кулминира како раѓање на Илирида. Без Албанците не била можна Македонија, ама без Македонците не било проблем да си функционира како Илирида. Илирида и Македонија не може да кохабитираат. Излезот од оваа етапа на „кризата“ е или Македонија и Македонците или фашистите од сите „берби“. За ваква игра не ни треба долго процедурално пимплање и меѓупартиско тргување, туку реална народна акција и одлучна, а добро подготвена сенародна офанзива. Kого го нема со нас е против нас и без него се може.

#



Останати вести
Предавството и триесетте сребреници
Милиони евра во украсна кеса на Бобан С.
Дали вистината навистина е мртва?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
DLM, 13.04.2017 01:18:33
Бидејќи Мекејн нема да одговори а гледам дека постои интерес за тоа што сакал да каже и што пренел тука на Балконот еве да се обидам јас. Тој јасно рече дека ако не се опасуљиме и почнеме да играме како ни свират дека таков пекол ќе ни направат што потоа се векови ќе си прикажуваме, ете тоа е пораката на каубоецот, исто како за индијанците! Инаку веќе 20 години ние немаме политички субјекти туку платеници на господарот кои се натпреваруваат кој повеќе ќе му влезе во задникот, велат дека така се водела модерна надворешна политика. И дека ние обичните смртиници не сме заслужувале да имаме право на глас затоа што сме биле овци и не сме биле бањати и кога тоа ќе го сфатиме ќе ни биде полесно на душата. Многу брзо по почнувањето на претставта реков дека ова мора да е Оливудско сценарио затоа што кај нас нема такви капацитети да осмислат вакво ремек дело, и денес по многубројните чинови сум уште повеќе убеден дека сценаристот е велемајстор!
DLM, 13.04.2017 01:28:19
Во последно време забележувам свежа енергија во тимот Заеви. Тие постојано изјавуваат дека нема да бил изгубен јазикот и дека ќе си останел каков што е и видете по прв пат ја зборат вистината, ТИЕ НАВИСТИНА ЌЕ ГО ОСТАВАТ МАКЕДОНСКИОТ ЗА ОФИЦИЕЛЕН ЈАЗИК САМО ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ ЗАКОН СО КОЈ И АЛБАНСКИОТ ЌЕ СТАНЕ ОФИЦИЕЛЕН ете гледате тие не лажат ја зборат вистината македонскиот ке остане само ќе не збогатат со уште еден. Тоа што по некое време два службени јазика во државата ќе иницираат федерализација а потоа и цепање нема да биде нивна одговорност затоа што тие нема да го чепкаат македонскиот јазик туку ќе не закопат. Можеби тој мистер Жвака има право да манипулира сепак некој му дозволил тоа да го прави, само се прашувам кои тоа студенти одат на неговите предавања и што таму прават што учат. Има ли некој писмен студент се разбира без помош од некој пленум да ни рече нам не неуките кои не сме оделе во така високи и возвишени образовни институции- или нека одговори само како се врти земја
Бугарин, 13.04.2017 02:22:03
Наистина ли Госпожа Велиновска не може да схвати каков е проблемот на Македониja. Международната заедница не признава на Македониja ни име,ни антички идентитет, jazik ....I albanците сакат да го турjat svоjot identitet vo temelite na Makedonija kato нивниjот идентитет и име никоj ne го оспорува..... И нема да има ништо чудно , ако се поjavi otnekade Ilirida, kato Kosovo....
Лoги Кaвели, 13.04.2017 06:56:29
Мислaм декa ќе мoрa дa се пoчне сo предупредувaње!? Кoј рaзбере-рaзбере,кoј се oткaже-дoбрo, a кoј не, СЕ ЗНАЕ ШТO! Oти еднa држaвa имaме и ЕДНА ШАНСА!
СН, 13.04.2017 07:51:43
Покретот со име За Заедничка Македонија,кои секојдневно се движи по улиците низ цела Македонија и илјадници други кои се невидливи,се ноќна мора за гнидите како Штипкарот,Кучкарот,Црпнатиот и уште неколку други.Ние денешниве Македонци голем срам ќе носиме за навек, ако оваа BANDA PRLJAVI PACOVI успее да не пикне во жива песок. Господ ни дал ум и храброст,и тоа мораме да го искористиме со сите сили. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА !
AR, 13.04.2017 08:04:36
Kako i sekogas - insight kolumna na Mirka Nacionale. Mene edno me plasi - trojanskite konji a mislam deka sega SDS tokmu toa go pravi - od velepredavnik stanuva - trojanski konj - tolku mnogu zagrizen za dobrobitot na makedonskiot narod (tie ljubat da recat - makedonskiot graganin) demek, kosi kubat za toa. A od druga strana onie, kako podrzuvaci na narodot, vklucitelno i na Gruevski i VMRO DPMNE i ekspertite koi gi podrzuvaat se pocesto i pocesto imam vpecatok deka gubat zdiv zaguseni od floskuli, demagogii i grcevito dokazuvanje na nivniot demokratski kapacitet. Se ispoubija lugevo od dokazuvanje na nivnata demokratska opredelba. Tuka ne mislam na najniskite porivi na opozicijata i crpnatite GMO strukturi. JOK, tie ne mozat ni da pomislat na dokazuvanje na demokratija bez narod. A SITE OD PRV DO POSLEDEN ZABORAVAAT EDNO - ZNACENJETO NA DEMOKRATIJATA. VO VIKIPEDIJA PISUVA Демократија или соборност[1] (од старогрчки: δημος, „народ“ и κρατειν, „владеење“ = „владеење на народот“) — опште
Морис, 13.04.2017 08:05:36
Ех ова што пишуеш е така ама тоа се документите од аферата шпион кои ги украде тој еден од осудените од ЦИА штабот во Вашингтон и ги донесе тука на нашите екперти кои наместо каде треба, го продадоа па сега ЦИА сака да го среди како на филм, а Меккејн е посредникот за решавање на ова ситуација. Инаку албанците не можат без Македонија, а без македонците можат бидејки тие територијата ја земаа и нема назад сега од тоа со границите на окупациските италијански сили од 1941. Тоа е сакале не сакале САД ни се мајка и макеаОва другото е самобендисаност, знаеме а ништо не праиме....
naiven, 13.04.2017 10:10:35
Toj Rama e naiven vi go otkriva nivniot plan za naseluvanje na Makedonija so Albanci isto taka kako se vrselo vo SRM i za vremeto na SDS sega naglo se izdavaat pasosi na Albanci od Kosovo i albanija zatoa sto i sudstvoto i MVR se vo Albanski race pa imame sekoj dnevno od 100 do 150 novopeceni drzavjani spremni za NOVIOT POPIS.
Најнови вести