период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 13.06.2017, 11:01

ЗАВРШУВААТ ИСKОПУВАЊАТА НА ГРАДИШТЕ ВО МЛАДО НАГОРИЧИНО

Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните

Локална и увезена луксузна керамика, фибула (безопасна игла) од тракиски тип, од 4 и 3 век пред новата ера открија археолозите на локалитетот Градиште, кај Младо Нагоричино, Kумановско. Тимот предводен од археологот Марјан Јованов, професор на катедрата за историја на уметноста и археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, ги привршува едномесечните истражувања на локалитетот, кој во последните години е вистинско изненадување за научниците. Со археолозите од кумановскиот музеј тие и годинава работат на акрополата, каде што пред неколку години беше откриен голем, резиденцијален објект. Истражувањата завршуваат задутре, вели Дејан Ѓорѓиевски, директор на Музејот во Kуманово.

Иако истражувањата се водат како дел од капиталните проекти на Владата, тие денес се пооскудно финансирани, за разлика од пред неколку години. Буџетот е доволен за едномесечни ископувања на теренот.

- Работевме на акрополата и на источната падина на локалитетот. Најмногу на акпрополата каде што била поставена пробна сонда. Таму уште во првата година откривме еден резиденцијален објект и убаво изработен одводен канал, кој го следиме низ годините. На овој локалитет има најголема колекција на јонски капители во земјава. Досега се пронајдени шест, околу резиденцијалниот објект – вели Ѓорѓиевски.

Три града ги делеле истата историја и култура

Освен локална керамика, археолозите пронашле и луксузна, увезена од егејските работилници. Декорирана е со вегетабилни орнаменти. Пронашле и цел скифос (вид керамички сад со рачки), а другите се фрагменти од керамика.

Археолозите го истражуваат најгорниот културен слој на локалитетот, кој потекнува од хеленистичкиот период.

- Ова е комплексен локалитет, во моментот го истражуваме 4 и 3 век пр.н.е., па следува периодот на Пајоните, околу 6 и 5 век пр.н.е. Има длабока стратиграфија. Археологот Зоран Георгиев истражувал и ги открил и постарите слоеви – вели Ѓорѓиевски.

Низ годините, на две места стигнале до здравица (последниот културен слој во земјата во кој има траги од живеење). Има остатоци од енеолит, околу 2 милениум пред новата ера, рано бронзено време, па бронзено време, па железно време од 9 до 7 век пред новата ера, па периодот на Пајоните, с` до хеленизмот.

Интересно е што и овој локалитет, слично како и блискиот кај светиниколското село Kнежје, каде што се претпоставува дека лежи пајонската метропола Билазора, покажува дека малтерот бил откриен пред Римјаните. На ѕидовите има остатоци од фрескоживопис - црна штукатура, па црвена, окер обвиен со црна боја, бела боја.

- Локалитетот се наоѓа во средината меѓу Kнежје и Kале Kрушевица во Србија. На сите локалитети има исти елементи, од ист цивилизациски развој. Ја делеле истата историја и култура - вели Ѓорѓиевски.

Прв пат откриен пред 30 години

Археолозите веќе четири години го истражуваат повеќеслојното наоѓалиште. Досега се откриени делови од неколку градби. Локалитетот првпат е откриен пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитот, железното време, раната антика и хеленизмот.

Според Ѓорѓиевски, локалитетот е важен за македонската археологија, затоа што веројатно претставува најсеверната точка до каде што се констатирани медитеранските, хеленските, грчките елементи на културата.

- Додека не се откри Градиште, никој не претпоставуваше дека на овој дел од Македонија се живеело толку цивилизирано во палати со столбови што се во стилот со оние што се наоѓаат во Егејска Македонија, во Грција - вели Ѓорѓиевски.

Се претпоставува дека овој агријански град бил уништен во силен пожар околу 279 г. пр.н.е. при пробивот на Kелтите од Панонија, кои на својот поход низ срцето на Балканскиот Полуостров уништиле многу населени места низ Повардарјето. Во тоа време биле опожарени и двата соседни града.

Весна И. Илиевска

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести