период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 12.06.2017, 22:39

СРЕДБА НА ЛИДЕРИТЕ НА ДУИ И ДПА

Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово

Лидерите на владината ДУИ и опозициската ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, договориле соработка за спроведување на Пржинскиот договор, е официјалната позиција на двете страни по средбата, која завчера вечерта се одржа во тетовски ресторан. Според неофицијални информации, пак, доскорашните најжестоки политички противници договарале можна соработка за претстојните локални избори кои треба да се одржат на 15 октомври.



Се лиферуваат и информации дека средбата Ахмети Тачи, на која ~ претходеше телефонски разговор меѓу двајцата лидери, најмалку е случајна, и е порака, од една страна, до премиерот Зоран Заев, а, од друга страна, до Движењето Беса и Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села во пресрет на локалните избори.

И владејачкиот и опозицискиот лидер два и полчасовната средба ја квалификуваа како вообичаена и редовна, иако одамна Ахмети и Тачи, барем јавно, не седнале на заедничка маса. Впечатливо е дека претходно и од двете партии се потрудија состанокот да добие публицитет во јавноста.

Ахмети изјави дека се состанале за да се усогласат како договорот од Пржино да се реализира во пракса.

- Вакви состаноци ќе одржуваме и во иднина за полесно да дојдеме до реализација на Пржинскиот договор. Овој договор е многу битен, бидејќи Албанците ги прави важен фактор во државава и сигурно во Собранието ќе биде нужно и албанската опозиција да даде поддршка. Пржинскиот договор без поддршка од опозицијата не може да се реализира. Истата ситуација треба да се прелее и во македонскиот блок во насока на реализација на Пржинскиот договор - изјави Ахмети.

Тачи ја повтори позицијата на ДПА дека ќе биде конструктивна опозиција, која ќе ~ дава поддршка на власта кога се во прашање евро-атлантската интеграција и подобрувањето на правата на Албанците.

- Имавме отворен и транспарентен дијалог и комуникација помеѓу албанската позиција и опозиција. Разговаравме за многу теми и јас на господинот Ахмети отворено му реков дека ние ќе продолжиме да ја вршиме улогата на албанска опозиција. На средбата не разговаравме за некакви партиски интереси, туку за хармонизација на политиката во рамките на интеграциските процеси и реформите во државата. Ништо не се договара под маса. Поддршката што ќе ја дадеме на ДУИ за интеграциските процеси е бланко-поддршка од ДПА, бидејќи Албанците како нација сакаат што побрзо да бидат дел од западната цивилизација. Имаме многу заеднички работи кога се работи за албанските права како што е употребата на албанскиот јазик што е приоритет и на албанската опозиција. Реализацијата на албанските права имаат потреба од еден широк консензус - рече Тачи.

Лидерот на ДПА потенцира дека сакал да има средба и со претседателот на Беса, Билал Kасами, но оти од таму побарале состанокот да не биде јавен.

- Не се согласувам со такви состаноци. Јас сум за транспарентни и отворени средби - рече Тачи и најави дека можеби наредните денови до таква средба, сепак, е можно да дојде.

Од Беса ни потврдија дека имало комуникација за средба помеѓу Тачи и Kасами, и оти нивната позиција е дека нема потреба од јавност доколку нешто не биде договорено. Од Беса брифираат дека рано е да се позиционираат со кого ќе соработуваат за локалните избори, особено дека секоја од општините има своја специфика.

Неофицијално, на состанокот Ахмети и Тачи разговарале за можноста за соработка, дури и за заеднички настап на ДУИ и ДПА на локалните избори во некои општини. Се шпекулира дека на маса паднал предлог двете партии да одат со еден кандидат во Тетово, кој би бил на предлог на Тачи. Ова би значело Тачи да го добие Тетово, евентуално да има заеднички кандидат и за Студеничани, како и заеднички листи на советници. За возврат структурата на ДПА да ја поддржи ДУИ во другите општини. Но, ова ќе значи Ахмети да ја „жртвува“ потпретседателката Теута Арифи, која не ги крие амбициите за втор градоначалнички мандат во Тетово.

Се шпекулира и дека е можно Ахмети во Тетово да игра со Тачи, додека во Струга со владиниот партнер Зијадин Села, односно дека лидерот на ДУИ по катастрофалниот пораз на парламентарните избори прави стратегија како на локалните избори да остане прв во албанскиот политички блок. Од една страна, планот би бил да се изолира Беса, како партија што ~ нанесе најголем удар на ДУИ на парламентарните избори и сомнежот дека партијата на Kасами за локалните ќе игра со ВМРО-ДПМНЕ. Од друга страна, поради засега непознатите позиции како ќе одигра СДСМ како владин партнер на ДУИ, на локалните избори, односно дали во клучните градови за Албанците, Заев ќе истрча со свои кандидати Албанци, што би значело војна со ДУИ или ќе одат на меѓусебна поддршка во вториот изборен круг. Од ДУИ брифираат дека се прават различни стратегии, при што е многу битно како во периодот пред локалните избори ќе функционира владината коалиција.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
По споредбата на Kатица Јанева со Бијонсе, сега Димитров најавил промена на името
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Алексовски ги почитувал протоколите во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести