период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 18.05.2017, 16:44

ЦРВЕН KИЛИМ НА ОТВОРАЊЕТО НА KАНСKИОТ ФИЛМСKИ ФЕСТИВАЛ

Бела Хадид ги покажа гаќичките, Сузан Сарандон плени и на 70 години

Гламурот и елеганцијата беа неизоставен дел и од годинешното отворање на Kанскиот филмски фестивал, на чиј црвен килим завчеравечер продефилираа дел од најголемите актерски имиња на денешницата. Меѓу нив посебно внимание предизвика холивудската дива Сузан Сарандон, која на своите помлади колешки им покажа дека може да зрачиш со сексапил и на 70 години. Актерката пристигна облечена во зелен кадифен фустан, креација на Алберта Ферети, со разголени рамена и деколте, а драматичниот изглед беше дополнет со темни очила за сонце.

Ума Турман се појави во розова креација на „Ателје Версаче“, а Емили Ратајковски и Лили Роуз-Деп избраа свилени тоалети во боја на шампањ. Бела Хадид, пак, доживеа мал моден пех во провокативниот фустан на Александар Вотје: при поздравувањето со Сарандон ненамерно ги покажа гаќичките.

Младата актерка Ел Фенинг блесна во фустан како од бајките, дело на Вивиен Вествуд. Раскошната тоалета од свила во боја на слонова коска во задниот дел откриваше рачно насликани еднорози и цветови во силна розова нијанса, а во создавањето на креацијата учествувала и самата Фенинг.

Домаќин на церемонијата во Палатата на фестивалите и конгресмените беше актерката Моника Белучи, која ги изненади присутните страсно бакнувајќи го својот ководител, францускиот комичар Алекс Луц.

Инаку, фестивалот годинава слави 70 години постоење, па по тој повод швајцарската компанија за луксузен накит и часовници „Шопар“ ќе изработи дијамантска верзија на највисоката награда на манифестацијата - престижната „Златна палма“.

#



Останати вести
Бијонсе и Џеј Зи - милијардери
Почина Kрис Kорнел, фронтменот на „Саундгарден“ и „Аудиослејв“
Бугарските хипхоп-ѕвезди се милионери, а ние заработуваме за сметки

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести