период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 12.06.2017, 13:17

Во Шведска отворен Музејот на пропаднати производи

Во шведскиот град Хелсингборг е отворен Музејот на промашувања во кој на едно место ќе може да се најдат многу производи што не го нашле патот до пазарот. Kупувачите очигледно не биле воодушевени од зелениот кечап на Хајнц, замрзнатите лазањи од марката „Kолгејт“ или, пак, „кока-колата“ со вкус на кафе. Поради тоа, тие предмети заедно со многу други се наоѓаат во Музејот на промашувања што го создаде кустосот и клиничкиот психолог Самуел Вест, пренесува АП.

- Знаеме дека 80 до 90 проценти од иновативните производи не успеваат и никогаш нема да слушнете за нив. Не ги гледате, луѓето не зборуваат за нив. Ако постои нешто што можеме да направиме е да извлечеме поука од тие промашувања - вели тој.

Многу предмети во музејот ги покажуваат обидите на компаниите да го прошират својот бренд. Еден од таквите примери е Харли Дејвидсон. Познатиот производител на мотори, кој во средината на 90-тите години ја лансира тоалетната вода за мажи која е на изложба на неуспешните производи.

- Фановите ја мразеа. Тие правеа и божикни украси, барбики, разни работи со логото на „Харли Дејвидсон“ и со тоа го тривијализираа својот бренд - вели Вест.

На изложбата е и социјалната игра на Доналд Трамп под име „Јас се вратив, а ти си отпуштен“, од 1990 година. Во оваа игра, која е еден вид копија на „Монопол“, играчите користат големи фигури обележани со буквата „Т“ и доларите на Трамп за купување недвижности.

Прикажани се и високотехнолошки производ како што се очилата на „Гугл“ кои, како што велат организаторите се направени пред своето време, што е случај и со уште некои технички иновации.

#



Останати вести
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести