период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:25

Пратениците на ДУИ, Беса и „АлиЈансата за Албанците“ го демантираат ЛИДЕРОТ НА СДСМ

Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Тиранската платформа е жива и таа ќе биде дел од владината програма што треба да ја спроведе мандатарот Зоран Заев, е пораката што ја доби лидерот на СДСМ од своите коалициски партнери само десетина часа по давањето на гаранциите дека таа нема да биде во програмата на новата влада. Пратеникот на ДУИ, Реџеп Исамили, која е клучна партија за правење на владиното мнозинство, а потоа и лидерот на Беса, Билал Kасами, и пратеникот Љуљзим Алиу, како и пратеникот Сирија Рашиди од „Алијансата за Албанците“ прексиноќа, во две телевизиски интервјуа, практично го демантираа она што Заев го кажа и на што се обврза пред шефот на државата Ѓорге Иванов при добивањето на мандатот. Лидерот на СДСМ завчера поднесе гаранции до претседателот Иванов, со кои тој, меѓу другото, требаше да гарантира дека нема да ја прифати тиранската платформа како услов за владино коалирање.

Реџаил Исмаили е пратеник на ДУИ и тоа го потврди дури два пати во интервјуто во емисијата на „Алсат М“ дека таа ќе е дел од владината програма.

- Секако дека јас ви кажав и претходно. Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата влада.

И партискиот функционер од Беса, Љуљзим Алиу, ги зацврсти ставовите на сите политички партнери на Заев дека тиранската платформа е жива.

- Без сомневање, да. Декларацијата на албанските партии е жива.

Сирија Рашиди е пратеник од партијата на Зијадин Села и директно прашан „дали е с` уште жива албанската платформа“, тој одговори „секако дека е жива“. Притоа Рашиди, нагласувајќи дека нема конечна одлука за учество во власта, вели дека партијата ќе го уценува Заев со исполнување на тиранската платформа.

- Ние немаме донесено дефинитивна одлука дали ќе бидеме или не дел од новата влада - вели Рашиди.

Од друга страна, лидерот на Беса, Билал Kасами, на своето гостување на телевизијата „21“ јасно потврди дека нивното учество во идната влада недвосмислено подразбира и редефинирање на Република Македонија.

Политичките барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија. Тие се однесуваат за унапредување на правата на граѓаните. Ова имплицира редефинирање на Македонија - рече Kасами.

Тој објасни дека на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не дискутирале дали партијата ќе учествува во владата и дека тоа ќе се утврди по составувањето на владината програма.

Заев, на завчерашното примање на мандатот, кој му беше врачен од страна на шефот на државата, ја прочита изјавата потпишана само од негова страна, но не и од лидерите на партиите на Албанците во земјата и во која тврдеше дека во владината програма нема да има место за тиранската платформа.

- Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејство, кое е спротивно на горенаведените ставови, не може да биде услов, ниту основа за формирање и дејствување на владата на Република Македонија - потенцира тој.

Ова, меѓу другото, беше доволно шефот на државата да се убеди дека дотогашните пречки за доделување на мандатот се отстранети.

Бранко Ѓорѓевски

#



Останати вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Хојт Ји не се консултирал со својот шеф Тилерсон за Македонија
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Груевски: Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
dpmne da ne se pravat pobednici, tuku da se otkazat od prat plsti od po 2000 evra i go bojkotirast zaev, 19.05.2017 00:26:03
vmro i gruevski se kitat kako pobednici, a gi predadoa i ivanov i gradjanite koi protrstiraa. dpmne neli veli deka tskal e nelegitimen, togas voopsto da ne sednuvast vo sobranieto i so isto odnesuvsnje kako i na sdsm od 2014 da go delegitimirast zaev, inaku se predavnici kako i zaev.
marija, 19.05.2017 06:04:52
Касами нека си ја редефинира Албанија и нека си замине таму, а Македонија нека ја остави на Македонците! Познати се нивните ставови, треба под итно укинување на овие сепаратистички и терористички партии во Македонија!
Најнови вести