период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.03.2017, 16:33

НЕВРАБОТЕНОСТА ЛАНИ ПАДНА НА 23,7 ОТСТО

За една година речиси 24.000 лица нашле работа

Стапката на невработеност во Македонија од 26,1 отсто колку изнесуваше во 2015 година лани падна на 23,7 отсто. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, од 948.599 лица кои лани го сочинувале активното население во Македонија, вработени се 723.550, а 225.049 се невработени. Ако се спореди со годината претходно кога како невработени се воделе 248.993 лица, тоа значи дека за една година 23.884 лица нашле работа.

Гледано по квартали, лани во првиот квартал невработеноста изнесуваше 24,5 отсто, во вториот - 24, третиот го завршивме со стапка на невработени од 23,4 отсто, а четвртиот со 23,1 отсто.

Според Статистика, стапката на активност во минатата година изнесувала 56,5 проценти, стапката на вработеност 43,1, а на невработеност 23,7. Во 2015 година стапката на активност изнесуваше 57, на вработеност 42,1, а на невработеноист 26,1.

Во вкупното работоспособното население над 15 години, според економската активност и полот, мажите учествуваат со 61,3 процент, а жените со 38,7 проценти. Притоа, од вкупно вработените 60,8 отсто се мажи, 39,2 отсто се жени, а сличен е соодносот и во поглед на невработеноста - 62,9 отсто се мажи, а 37,1 отсто се жени.

Од регистрираните 723.550 вработени, 555.894 се ангажирани во деловни субјекти во приватна сопственост, а 167.657 во фирми со друга сопственост, односно мешовита, задружна и државна. Најмногу вработени ангажира преработувачката индустрија - 136.347, следуваат земјоделство, шумарство и рибарство со 116.770 вработени и трговијата со 104.497 вработени.

#



Останати вести
Само 16 мандри продаваат сирење и кашкавал со печат од државата
Една петтина од потрошената енергија во Македонија е добиена од ветрот, сонцето и од водата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести