период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 12.06.2017, 17:07

АНАЛИЗИ ВО ГРЧKИТЕ МЕДИУМИ ЗА НАШЕТО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО

„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство

 
Грчките медиуми предупредуваат дека западните земји ќе извршат силен притисок врз Атина да дозволи прием на Македонија во НАТО под привремената референца. Тоа, според нив, ќе ја демотивира Македонија да бара решение за името.

 

Приемот на Македонија во НАТО под привремената референца е неприфатлив за Грција бидејќи тоа би фрлило сенка врз грчките позиции и обидот да се најде решение за ново заедничко прифатливо име, пишуваат грчките медиуми. Медиумските предупредувања за зголемени притисоци врз грчката влада за побрз прием на Македонија во НАТО и отворање на пристапните преговори со ЕУ растат по формирањето на новата македонска влада и во пресрет на посетата на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на Атина.

Весникот „Kатимерини“ пишува дека грчката влада е веќе под силни притисоци од Германија, а следните месеци се очекува да се интензивираат и барањата од други членки на НАТО за да се изменат заклучоците од самитот во Букурешт во 2008. Забрзаниот прием на Македонија во НАТО се смета дека е обид да се помогне стабилизирањето на државата по политичката криза и заканите за дестабилизација во регионот, но и за заштита на државата од силното руско влијание.

„Доброинформирани западни дипломатски извори во Скопје, Брисел и во Берлин оценуваат дека забрзувањето на процедурите за интеграција на соседната држава во НАТО под референцата БЈРМ ќе биде подарок за поддршка од Западот за двојката Заев и Ахмети, во која имаат инвестирано за нормализирање на внатрешната политика и меѓуетничките односи во држава која е клучна за геополитичкиот баланс“, се вели во анализата на „Kатимерини“.

Според весникот, грчката влада стравува најмногу од предлогот Македонија да биде примена во алијансата под привремената референца со можност тоа да биде сменето кога Грција и Македонија ќе постигнат договор за името. Стравувањата се дека ако дојде до ова, со оглед на фактот дека голем дел од НАТО-членките ја имаат признаено Македонија под уставното име, можно е билатералниот спор за името да се продлабочи уште повеќе.

Весникот „То Вима“, повикувајќи се на грчки дипломатски извори, пишува дека владата во Атина ќе дозволи прием на Македонија во меѓународните институции само кога ќе се реши името бидејќи секој поинаков обид ќе ги поткопа грчките позиции.

„Високи дипломатски извори велат дека Грција нема да прифати прием во НАТО со привремената референца бидејќи тоа ќе биде де факто наметнување двојно име, со што само Грција и меѓународните организации во кои Грција има право на вето ќе го користат привременото име на постојана основа, а за сите други употреби ќе се користи уставното име Република Македонија“, пишува „То Вима“.
Ексновинарот на весникот „Етнос“, Никос Мелетис, кој долго време го следи спорот за името, во анализа на порталот „Либерал.гр“ пишува дека од септември натаму се очекува зголемување на притисоците и во НАТО и ЕУ за прием на Македонија под привременото име, што, според него, ќе ја намали мотивацијата на македонската влада да продолжи со преговорите за постигнување договор за заеднички прифатливо решение за името.

Според Мелетис, умерениот став што го има новата македонска влада за надворешната политика им ја олеснува работата на странските фактори кои сакаат да ги заобиколат грчките позиции и црвени линии и побрзо да ја внесат Македонија во меѓународните организации.

#



Останати вести
По споредбата на Kатица Јанева со Бијонсе, сега Димитров најавил промена на името
Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алексовски ги почитувал протоколите во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Напалм, 12.06.2017 19:04:02
Грција лаже,не се под голем притисок од германија,тоа е само еден блуф.
👎, 12.06.2017 19:53:06
Na Makedonija ne i treba NATO, tuku neutralnost.
Најнови вести