период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 20.03.2017, 15:24

ЗАKАНИ ОД ИЗРАЕЛСKОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Израел ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Израел ја предупреди Сирија во неделата да не ја употребува својата противвоздушна одбрана против израелски авиони откако тие претходно нападнале конвој за кој се сомневало дека носел оружје за милитантната група Хезболах.

- Следниот пат, кога сириската противвоздушна одбрана ќе пука против нашите авиони, ние ќе ја уништиме. Нема да се колебаме. Безбедноста на Израел е над с`, нема да правиме компромиси - изјави министерот за одбрана Авигдор Либерман.

Сириската армија соопшти дека авионите гаѓале воена локација во близина на Палмира додека Израел тврди дека нивна цел биле пратки со оружје наменети за Хезболах, кој се бори на страната на сириските владини сили во граѓанската војна во Сирија.

Од друга страна, се огласија од сириската војска од каде што тврдат дека израелските авиони бомбардирале позиции во близина на Палмира и притоа еден израелски авион бил соборен, а друг бил оштетен. Станува збор за најголемиот конфликт помеѓу Израел и Сирија во последните шест години откако почна граѓанската војна во Сирија. Пред една година, израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху прв пат јавно призна дека израелската армија нападнала конвои што пренесувале оружје за Хезболах. Израел има долго досие на нарушување на сирискиот воздушен простор без да биде казнет уште од пред 2011 година, кога почна граѓанската војна во Сирија. Најпознатиот инцидент се случи во 2007 година, кога во израелски воздушен напад беше уништен наводен нуклеарен реактор во сириската покраина Деир ез-Зор. Инаку, Израел и Сирија формално и натаму се во војна уште од 1967 година за време на Шестдневната војна кога Израелците воспоставија контрола над сириска територија, односно на Голанската Висорамнина.

Во меѓувреме, руското МНР го повика израелскиот амбасадор во Москва за да му вложи протестна нота откако беше објавена веста за нападот што Израел го извел минатата недела во близина на сирискиот град Палмира. Амбасадорот Гери Kоен бил повикан во министерството во петокот, а тоа го потврди и рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Богданов, кој се воздржа од коментари за посетата и само посочи дека, главно, се разговарало за најновите настани во и околу Сирија.

#



Останати вести
Зигмар Габриел: Ние сме толерантни, но не сме глупави!
Јункер: Ќе ја казниме Британија за брегзитот како пример за другите членки

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести