период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:04

Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра

Првоосомничениот во случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Kочан, нема да оди во притвор. Судијата на претходна постапка го прифатил предлогот на неговиот адвокат Никола Додевски и донел одлука на Kочан да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му биде одземен пасошот и да му се наметне обврска да се јавува еднаш неделно во судот, се наведува во денешното соопштение од скопскиот Kривичен суд.

Ваквата одлука судот ја донел поради влошената здравствена состојба на Kочан, а како неоснован го одбил предлогот на специјалното јавно обвинителство да му биде одреден притвор на бизнисменот поради опасноста да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

- Судија на претходна постапка по ценење на фактите и доказите во предлогот, во текот на денешниот ден донесе решение со кое имајќи ја предвид здравствената состојба на осомничениот му определи гаранција во износ од 875.298,56 евра во движен и недвижен имот и истовремено одлучи на осомничениот да му се определат мерки на претпазливост, и тоа одземање на патната исправа и обврска тој да се јавува еднаш неделно кај службено лице во овој суд - се наведува во соопштението од Kривичниот суд.

Во решението, како што е посочено, судија на претходна постапка навел дека од приложените докази и по повторно одлучување, е на мислење дека постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело за кое се товари, а имајќи го предвид неговото поведение од почетокот на оваа постапка до денес, судијата смета дека постои опасност од бегство, па од тие причини го прифати предлогот на одбраната за определување гаранција и мерките на претпазливост.

Против решението да нема притвор странките имаат право на жалба до Kривичниот совет во рок од 24 часа, а рок од три дена во однос на определената гаранција и мерките, информираат од Kривичниот суд.

Постапувајќи по предлог на СЈО, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 - Скопје вчера одржа нејавно рочиште, на кое, како што е наведено во соопштението, се произнесоа претставник на обвинителството и одбраната во однос на предлогот на СЈО.

- Осомничениот, кој веќе еднаш беше сослушан пред овој суд, не беше присутен на вчерашното рочиште, а за неговата здравствена состојба по барање на судот, Универзитетската клиника за кардиологија - Скопје достави известување во кое стои дека осомничениот е хоспитализиран на нивната клиника од 14 мај 2017 година и притоа ден пред закажаното рочиште, односно на 16 мај 2017 година, му бил имплантиран стент. Па од тие причини го известиле судот дека Kочан не е во состојба да присуствува на закажаното рочиште - стои во соопштението.

#



Останати вести
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело
Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија
Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:29:51
SRAMNA ODLUKA NA OVAA SUDSTVO KOE DOZVOLI KRIMINALEC SO PARI NA GRAGANI DA UZIVA DVA MESECI VO STRANSTVO I SO TRIK NA PRIVATNIOT SUD NA VANGELOVSKI I OBVINITELSTVO NA ZVRLEVSKI DA MU SE UKINE I GARANCIJA DA BIDAT PARITE I IMOT KOJ SE STEKNATI NEZAKONSKI,A FIRMI GIGANTI KAKO GRADEZNO MAVROVO GO STAVIJA VO STECAJ NA 10-07-2009GODINA POLITICARITE KRIMINALCI I GO OGRABIJA SO POMOS NA STECAJNA SUDIKA SASKA TRAJKOVSKA I STECAJNA UPRAVNICKA VERA DIMITRIJEVSKA A RABOTNICI NA ULICA SO NE ISPLATENI PLATI I PRIDONESI.
Најнови вести