период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 18.05.2017, 16:29

Словенецот Балтиќ нов селектор на македонските одбојкари

Одбојкарската федерација на Македонија повторно се реши за промена на кормилото на националниот тим именувајќи го Словенецот Драгутин Балтиќ за нов предводник на одбојкарите во предизвиците што ќе ги очекуваат во оваа календарска година.

- За селектор во годинашниот циклус натпреварувања на репрезентацијата во ЦЕВ Европската лига е назначен Драгутин Балтиќ. Тој е прочуено име во Европските одбојкарски кругови, освојувач на европски клупски натпреварувања (ЦЕВ-куп, Челинџ-куп), национални шампионати на Словенија, Азербејџан, Швајцарија и со завидно тренерско искуство како селектор на националните тимови на Словенија и на Бугарија - соопшти Одбојкарската Федерација на Македонија.

Лани ОФМ го смени Жарко Ристоски со кого македонската репрезентација бележеше историски успеси и на негово место го ангажира бугарскиот стратег Жељу Жељасков, но и тој не се задржа предолго на клупата на нашиот национален тим.

Македонија е актуелен вицепрвак во Европската лига. Сезонава Македонија игра во група со Шведска, Албанија и Азербејџан. ЕЛ започнува од 16 јуни, а првиот турнир ќе се игра во Македонија.

#



Останати вести
На повидок нова војна меѓу ФИБА и клубовите
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк
Гризман: Јувентус ќе стане европски првак, а Буфон ќе ја кренe „Златната топка“
Пристигна првиот од трите можни пехари сезонава во Торино
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести