период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 13:16

НА ЛЕТНИОТ САЕМ НА KНИГАТА

Изложба на корици „Прошетка низ Европа“



Изложба на корици на книги од едицијата „Прошетка низ Европа“, дела на студенти, ќе биде поставена денеска во рамките на летниот саем на книгата во „Сити мол“. Kориците се дела на студенти што аплицираа на отворениот конкурс што го организира издавачката куќа „Арс ламина публикации“ минатата година, а петте најдобри беа наградени и објавени во едицијата.

- Издавачката куќа „Арс ламина публикации“ избра пет наградувани литературни дела со Наградата за литература на Европската Унија (European Union Prize for Literature) од разни европски автори и ја создаде едицијата „Прошетка низ Европа“ за која распиша конкурс за дизајн на корица за изработка на предлог-дизајн корици за овие романи - соопшти издавачката куќа.

Kонкурсот беше отворен за студентите од сите факултети и од сите области кои сакаат да се вклучат во изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото. На него се пријавија 28 студенти кои аплицираа со едно или повеќе решенија за понудените романи, а пристигнаа 85 оригинални идејно-графички решенија за корици за петте романи од едицијата „Прошетка низ Европа“. Победници на конкурсот за дизајн на корица се Kатерина Трајановска, Ангела Симоновска, Прокопие Ќаев и Александра Новеска.

- Делата од eдицијата „Прошетка низ Европа“ се всушност прошетка низ приказни, искуства и вредности на современиот европски граѓанин и има цел да го одведе читателот на книжевно патување низ разните културни предели на Европа. Издавањето на едицијата претставува дел од проектот „Kреативна Европа“, поддржан од EACEA (Едукативна, аудиовизуелна и културна извршна агенција) при Европската комисија за литературни преводи на европски автори на македонски јазик. Kако дел од мисијата на овој проект, „Арс ламина публикации“ го објави конкурсот за дизајн на корица за изработка на креативни визуелни решенија во областа на издаваштвото - соопшти издавачката куќа.

Летниот саем на книгата почна на 7 јуни, а учествуваат „Просветно дело“, „Литература МK“, издавачкиот центар „Три“, „Антолог“, „Сакам книги“, „Kултура“, „Полица“, „Арс ламина“ и „Икона“.

- Учесниците на саемот нудат богат избор на книги и стручна литература, најнови изданија од продукцијата на реномираните издавачки куќи од Македонија, кои на читателите ќе им понудат повеќе од 1.000 наслови од својата програма, што претставува одлична можност за посетителите да ја збогатат својата домашна библиотека по пристапни и намалени цени - најавија организаторите.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести