период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 09.06.2017, 21:44

ДУИ ДЕМАНТИРА ДЕКА СОРАБОТКАТА СО СЕЛА Е НАРУШЕНА

Бујар Османи: Приоритет ни се програмите, а не ресорите

Распределбата на функции во вториот и третиот ешалон не довела до расипување на односите меѓу партијата на Али Ахмети и Зијадин Села.

Оваа информација која вчера проструи во дел од медиумите кои се повикаа на свои извори од ДУИ и ДПА за „Дневник“ ја демантира актуелниот вицепремиер за евроинтеграции и партиски портпарол на интегративците, Бујар Османи.

Според него, односите со Движењето за реформи ДПА не се нарушени, туку токму спротивното - соработката била на солидно ниво.

- Напротив, имаме солидна комуникација. Повеќе ни се приоритет реализацијата на програмските определби на партиите отколку поделбата на ресори и позиции - ни изјави вчера Османи.

Сепак, ова не значи дека комуникацијата со Тачи не се реализира, односно дека отпаѓа од игра она што вчера го објави „Дневник“ дека наскоро ќе има средба меѓу лидерите на ДУИ и на ДПА за евентуална меѓупартиска соработка во владината коалиција. Османи вчера не го демантира ова.

Од ДПА вчера не одговараа на прашањата на „Дневник“ .

Kако што објавивме завчера, договорот за средба меѓу Ахмети и Тачи произлегол по телефонскиот разговор што неодамна го имале обајцата. Засега с` уште не е познато за кои конкретни теми ќе се разговара на средбата. Средбата ја потврди и Османи нагласувајќи дека не сака да прејудицира што ќе се договара на неа.

Неофицијално, како што дознава „Дневник“, можно е двајцата лидери да разговараат за некој вид вклучување на партијата на Тачи во редовите на владината коалиција. Тоа првенствено би се остварило преку добивањето одредени раководни места за кадрите од ДПА во пониските ешалони на власта.

Но, ако ова не биде прифатено како опција, темата на разговорот би била можностите актуелната владина коалиција поддршката да ја добива во парламентот од страна на двајцата пратеници на партијата на Мендух Тачи. Но, прашање е колку значајна може да биде поддршката на двајца пратеници од ДПА во ситуација кога владината коалиција во парламентот има поддршка од само 62 пратеници.

Kако што е познато, за најголем дел од барањата содржани во т.н. тиранска платформа потребно е значително двотретинско пратеничко мнозинство. Познато е дека ДПА реши да не влезе во владина коалиција, туку да остане во опозиција. Но, ставот на оваа партија е дека таа, сепак, ќе дејствува конструктивно. Ова го изјави и самиот Тачи на средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Од ДПА тогаш соопштија дека Тачи оценил оти Македонија е во многу важни моменти и како земја и за регионот, па затоа, според него, новоизбраната влада треба сериозно да им се посвети на своите ветувања во врска со системските реформи и интеграциските процеси. Според Тачи, единствен начин за напредок во решавањето на овие прашања е продолжувањето на политичкиот дијалог со посредство на меѓународната заедница.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
ДИМИТРИЕВСКИ : Пандев во Македонија е исто што и Рамос во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР
Заев утре во Брисел ќе се сретне со Столтенберг, Могерини и Хан
Полуфинале во двојки за Ѓорческа на „Кроација Опен“
Груевски: Потврдени резултатите од нашата напорна работа, невработеноста падна на рекордно најниски 22,9%
Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“
ИЗВАЛКАН И ВО ПРАВ: Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра
Го нападнал и му скршил нога
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Невработеноста во првиот квартал падна на 22,9 отсто, вработени се 734.043 лица
Вавринка го исфрли Ѓоковиќ од Топ3 на АТП-листата
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Спалети нов тренер на Интер
Синди Крафорд: Теш­ко се по­ми­рив со 50. ро­ден­ден
Од новинар била одземена опрема со снимки од настаните на 27 април
Теракотни икони од 4 век од Македонија на „Религиите во големите империи“ во Оксфорд
Димитров се сретна со Кундерс во Холандија
УЕФА на 13 јуни ќе соопшти детали за влезниците на Суперкупот
Пивофест 2017 во Прилеп од 13 јули
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон: Ќе бидеме земја со најдолго породилно отсуство во регионов
Економскиот раст во првиот квартал е 0%
Kривична за струмичанецот што добивал лажни евра од Германија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести