период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 15:00

ПО ИСТРАГАТА ПРЕЗЕМЕНИ И KОНKРЕТНИ ЧЕKОРИ

„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД

„Џудишал воч“ објави дека поднел тужба според актот за слобода на информациите против Стејт департментот и американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за податоци и комуникации во врска со финансирањето и политичките активности на Фондацијата „Отворено општество“ - Македонија.

Македонската организација, дел од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос, примила речиси 5 милиони долари од УСАИД од 2012 до 2016 година. Тужбата е поднесена во окружниот суд на САД во округот Kолумбија.

Kако што информираат од „Џудишал воч“, тужбата ја поднеле откако и американскиот Стејт департмент и УСАИД не им одговориле на нивното барање од 16 февруари во кое ги барале сите податоци што се однесуваат на сите грантови, договори или исплати на средства од страна на Стејт департментот на Фондацијата „Отворено општество“ (ФООМ) или на подружници на Фондацијата. Притоа се бараа и сите документи и податоци со евиденција на комуникацијата помеѓу службеници, вработени или претставници на Стејт департментот и на службеници, вработени или претставници на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Тука се мисли и на комуникацијата што ја имал и амбасадорот на САД во Скопје, Џес Бејли, кој неодамна токму за овие прашања беше на разговори во Kонгресот.

На веб-страницата на УСАИД стои дека во периодот од февруари 2012 до крајот на август 2016 оваа организација префрлила речиси 5 милиони долари на сметката на ФООМ во партнерство со четири локални невладини организации. Веб-страницата на УСАИД нуди директно поврзување до Фондацијата на Сорос и вели дека во проектот биле обучени стотици млади Македонци за темите како што се правото на слобода на здружување, младински политики, граѓански иницијативи, аргументација и користење на медиумите.

Во февруари „Џудишал воч“ објави дека американската влада крајно нетранспарентно потрошила милиони долари на даночните обврзници на САД со цел да ја дестабилизира демократски избраната, централно-десничарската влада во Македонија, и тоа во соработка со милијардерот Џорџ Сорос. Според доказите што ги поседува „Џудишал воч“, амбасадорот на САД, Џес Бејли, соработувал со ФООМ и префрлил големи суми државни пари на сметката на Фондацијата за остварување на целта, што претставува мешање на амбасадорот во внатрешните политички прашања и кршење на Виенската конвенција.

- Изгледа дека администрацијата на Обама ги користела парите на даночните обврзници во обид да го финансира работењето на Сорос. Стејт департментот и УСАИД под администрацијата на Трамп треба се организираат и да ги откријат деталите на врската меѓу Обама и Сорос - изјави претседателот на „Џудишал воч“, Том Фитон.

„Стоп операција Сорос“: Зачудени сме од игнорантскиот однос на амбасадорот Бејли

Сметаме дека неколкумесечната работа на иницијативата „Стоп операција Сорос“ започна да вродува со плод. Уште на самиот почеток истакнавме дека ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за работата на Џорџ Сорос во Република Македонија и вмреженоста на неговата фондација со УСАИД, пишува во соопштението на иницијативата.

„Стоп операција Сорос“ изразува големо задоволство од донесената одлука на „Џудишал воч“ да поднесе тужба против УСАИД Македонија и американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Ние сме зачудени од покажаната незаинтересираност и игнорантскиот однос на УСАИД и амбасадорот Џес Бејли кон истражителите. Очекуваме сомневањата што беа содржани во материјалите испратени до Вашингтон да бидат докажани, односно отфрлени во судска постапка, а обвинетите да бидат соодветно санкционирани, т.е. ослободени“, се наведува во соопштението.

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести