период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 25.11.2016, 09:30

Зрачат и топлина и убавина



Македонската позната марка "Завар дизајн" што се занимава со изработка на дизајнирани радијатори препознатливи во Европа и во светот ја продолжува својата традиција на учество на Skopje Design Week 2016, кој почна вчера, а ќе трае до 27 ноември во дизајн центарот Јавна Соба.



За нивната препознатливост зборува и соработката со парискиот дизајнер Марјан Денков и нивниот неодамнешен заеднички проект преку кој беше уреден луксузен апартман во Париз и опремен со специјално дизајнирани радијатори од "Завар дизајн.

- Во март беше промовирана нашата најнова колекција "Art line" на саемот МЦЕ Милано. Истата ќе ја презентираме и на годишното издание на Skopje Design Week. Колекцијата е производ на умешно експериментирање со нови материјали, нивно комбинирање, како и користење на различни традиционални и современи техники за површинска обработка. Новата колекција е доволна причина да ги поканиме сите оние кои се интересираат во иновации и уникатни производи, да не посетат во "Јавна Соба" за време на Skopje Design Week", изјави Марта Наумовска - Грнарова, генерален менаџер на "Завар Компани" и управител на "Завар Дизајн".



За да се задржи уникатноста, секој радијатор од "Art line" колекција е различен и претставен како посебно парче уметност, кое е рачно изработено, со висок квалитет и со различна артистичка интерпретација на фигурите добиени преку пресекувања на бескрајната линија од бакарна цевка

Ова ќе биде шеста година за Skopje Design Week, а идејата на настанот останува иста, на едно место да се донесат и обединат највпечатливите дизајнери и иноватори од светот со шанса и можност тие да ги претстават своите иновации, производи и решенија, како и истовремено да искомуницираат со широката публика, регионално корпоративниот сектор и образовните институции.



#



Останати вести
(ВИДЕО) Авангардноста на Бјорк инспирација за "Лудус"
Подгответе го возилото за зимата и снегот: Секогаш со полн резервоар и не претоварувајте го автомобилот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести