период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 11:52

ДекриминализациЈата може да донесе нов потрес

Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?

За деветмина албански пратеници и градоначалници има ризик да ги загубат мандатите поради декриминализацијата, пренесува албанскиот весник „Сот њуз“. Станува збор за пратеници од редовите на Социјалистичка партија (ПС), Демократската партија (ПД), но и од редовите на Партијата за правда, интегритет и единство (ПДИУ) и на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ).

Набргу по судирите меѓу албанскиот јавен обвинител Адријатик Лала и американскиот амбасадор Доналд Лу, обвинителството ги интензивира истрагите за декриминализација. На овој начин се најавува втора бомба затоа што сите ризикуваат да ги загубат мандатите.

Од ПДИУ има двајца пратеници - Аќиф Ракипи и Омер Мамо, кои му се сомнителни на обвинителството. Тие се осомничени дека се осудени за кривични дела и дека тоа не го навеле во формуларите што ги поднеле. Во однос на Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама, на листата е пратеникот Артан Гачи за кого никогаш не се споменало дека е вмешан во криминал, како и Армандо Пренга, кој е под истрага поради обвиненија дека пукал со оружје во едно лице. Следен на листата е Мхил Фуфи од опозициската ПД. Иако тој неодамна беше исклучен од партијата, сепак во парламентот влезе како дел од демократите. Фуфи во формуларот навел дека против него била водена судска постапка за проституција. Од редовите на ЛСИ на листата со пратеници што може да го загубат мандатот е Гледион Реховица.

На листата на обвинителството се и тројца градоначалници: на Поградец, на Тепелена и на Поличани - Едуард Kапри, Термет Печи и Адријатик Зоткај.

Пратеникот Гачи изрази изненадување по објавувањето на веста за неговата верификација и рече дека никогаш не бил ниту апсен ниту осудуван во Европа или други земји. Според „Сот њуз“, Гачи навел дека во 2006 година бил обвинет за шверц и фалсификување печати, но излегол невин. И Печи негира дека некогаш направил некој криминал. Ракипи, пак, рече дека не направил ништо и дека нема што да крие, Според пратеникот на ПДИУ, обвинителството веќе некое време верификува и ако најде нешто, ќе го објави.

(Б.А.)

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести