период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.06.2017, 15:44

Груевски: Потврдени резултатите од нашата напорна работа, невработеноста падна на рекордно најниски 22,9%

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук по најновите податоци од Државниот завод за статистика кои покажуваат дека историски пад на невработеноста во Република Македонија. Според ДЗС во првото тримесечје од 2017 година стапката на невработеност е 22,9.

-Пад на невработеноста во првите три месеци од оваа година на досега најниски 22,9%. Дури и во период на премрежја, криза и постојани напади продолживме да работиме на нашето ветување до граѓаните за намалување на невработеноста. Резултатите се потврдени. Државниот завод за статистика регистрираше досега најниско ниво на невработеност под 23%, поточно 22,9%. За една година (споредено со првото тромесечие од 2016год), имаме пад на невработеноста од 1.6%, или новоотворени над 19 000 работни места, напиша Груевски.

Тој податоците ги спореди со периодот 2005, 2006 и сегашните во 2017. 

-Имаме пад од над 15%, од 38% на 22.9%, или од 560 000 вработени сега имаме 734 043, или во периодот додека ВМРО ДПМНЕ ја имаше одговорноста да управува со државата се отворија над 174 000 работни места. Ова значи решавање на најгорчливиот проблем на граѓаните, потенцира Груевски.

Според него, падот на невработеноста се должи на поттикнување и поддршката на домашното стопанство, активните мерки за вработување и силниот фокус на привлекување странски инвестиции кои се акцелератор, поттикнувач и на домашното стопанство кое соработува со овие странски компании.

-Она што недостасува кај новата влада е концентриран и професионален тим за странски инвестиции. Слабите перформанси може да резултираат со бркање на дел од инвеститорите што ке значи отпуштање или обесхрабрување на инвеститорите со кои бевме во финална фаза на инвестирање. Останува времето да покаже и државата би била најсреќна доколку трендот на пад на невработеноста продолжи. На новата влада предоводена од СДС им оставивме ликвиден буџет. Подобро е уште веднаш да се фатат за конкретна работа, напиша Груевски на „Фејсбук“.

#



Останати вести
ДИМИТРИЕВСКИ : Пандев во Македонија е исто што и Рамос во Шпанија
ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски покажа дека не е способен да организира миење на службено возило на МВР
Заев утре во Брисел ќе се сретне со Столтенберг, Могерини и Хан
Полуфинале во двојки за Ѓорческа на „Кроација Опен“
Свечено отворен 52. МТФ „Војдан Чернодрински“
ИЗВАЛКАН И ВО ПРАВ: Спасовски го покажа „мерцедесот“ од 600.000 евра
Го нападнал и му скршил нога
Дедо Ное од Алјаска ќе ги спаси Македонците!?
Kомпаниите ни ги врбуваат студентите уште од втората година
Невработеноста во првиот квартал падна на 22,9 отсто, вработени се 734.043 лица
Бујар Османи: Приоритет ни се програмите, а не ресорите
Вавринка го исфрли Ѓоковиќ од Топ3 на АТП-листата
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Спалети нов тренер на Интер
Синди Крафорд: Теш­ко се по­ми­рив со 50. ро­ден­ден
Од новинар била одземена опрема со снимки од настаните на 27 април
Теракотни икони од 4 век од Македонија на „Религиите во големите империи“ во Оксфорд
Димитров се сретна со Кундерс во Холандија
УЕФА на 13 јуни ќе соопшти детали за влезниците на Суперкупот
Пивофест 2017 во Прилеп од 13 јули
ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон: Ќе бидеме земја со најдолго породилно отсуство во регионов
Економскиот раст во првиот квартал е 0%
Kривична за струмичанецот што добивал лажни евра од Германија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести