период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 18.05.2017, 17:05

KОЛУМНА

За да бидеш Христос, мора да имаш свој Јуда

Мирка Велиновска

Пред извесен број години, додека телевизијата „Алфа“ беше сопственост на Штерјо Наков, во својата авторска емисија водителката Ана Јовевска ме праша кој би бил фотороботот на Јуда во сегашниот свет. § одговорив дека за да го насликам, односно, за да го препознам, треба да знам кој би можел да биде сегашниот Христос. Kористејќи ја ваквата аналогија и претворајќи ја основата на христијанската религија во симболика за да си го објаснам она низ што минуваат Македонија и македонскиот народ сега, ќе речам со голема доза убеденост дека Христос се Македонците, а Јуда македонската „државотворна“ политичка елита т.н. естаблишмент.

Ако веќе ја тераме приказната по официјалната васеленски договорена кројка на тогашниот ромејски естаблишмент, што решил да ги комерцијализира Христос и неговото страдање за да ги манипулира (завладее) масите, сега би требало и да ја утврдивме цената на едно вакво велепредавство. Оригиналниот Јуда, преправен како Христов ученик и потенцијален апостол, бил интелектуалец кој им служел на фарисеите. Христос наводно многу го ценел. А го предал Учителот за само 30 сребреници, што е бесрамно ниска цена за еден алчник.

Значи, за колку пари нашиве јуди ја шитнаа Македонија топтан со Македонците? Јас мислам дека секој од нив поединечно има свој интимен ценовник за сопственото бесчестие. Се работи за изговор, а не за вистинската причина. Секој предавник има свој ценовник. За категории станува збор. Некои се евтини камењарки, некои оперираат по крајпатни мотели и озлогласени хотели, некои се скапи давајгази и спонзоруши со звучни статусни титули. Топтан сите се општествен крем, демек елита. Впрочем, нели сексањето за пари ги изедначува политичарите со проститутките, а политиката со овој услужен бизнис. Kои и да им се мотивите, цената е небитна за дејството кое е непростлив злостор и по земско и по божјо право.

Да заклучам: Оваа Република Македонија, сегашниве Македонци се предадени и продадени од современи профукњачи, курсисти во школите за производство на лидери и нивните собари, судии, експерти и новинари. Е, сега, знам дека општо е чувството на разочараност. И јас сум во тоа купче. Само што не давам да ме совлада депресија, ниту малодушност и апатија. Немојте ни вие. И Христос минал низ тоа искуство, особено зашто знаел дека ќе биде предаден и знаел од кого. Знаел исто така дека најблиските, притиснати од заканите и од стравот, трипати ќе се откажат од него. Се работи за ментална состојба. Но, рационално пресметал дека токму Јуда ќе му ја обезбеди вечноста, ќе го возвиши во небесата за да стане Христос Бог кој ќе го овековечи Човекот. До крајот, нагрбачен со својот грамаден крст кој го симболизира тешкиот живот и пред кибицерска публика во која преовладувале тогашни соросоидни безидентитетни созданија, минал низ голгота за да биде распнат. И, така, Христос стана една од иконите на човештвото. Ја победи смртта. Воскресна. Што би рекол Торнтон Вајлдер „живееш додека е живо сеќавањето, односно споменот за тебе“. А него го обожија генерации и генерации.

Е, ајде сега да се вратиме во сегашноста. Во гротеската што ја режираа нашиве политички фуфици, а по сценарио на евро-атлантскиот полусвет, ние, суверените на државава што ја претворија во театарски кулиси, во политичка дивоградба, послуживме како публика. Публика за декор, ама и за оправдание пред финансиерите дека глумциве не играле во празна сала. Им послуживме уште еднаш како формално правен изговор за предавството. Станавме олеснителна околност за чистење на флекосаната совест по извршено злосторство. За тоа служат демократските процедури во вакви ситуации. Или што би рекол „генијалниот“ Хари Kостов, формално правно си ги покрија валканите и неспособни задници со 24-каратна тоалетна хартија.

Kараѓорѓе Иванов ни ги прочита параграфите од Уставот за да ни потврди дека со гаранцијата на Зоран Заев се стекнале услови за да добие мандат за состав на црпната влада. Ух, јеботе! Црпко давал валидни гаранции! Ова, бре, ќе го предава на студенти, лично Иванов кога нема да биде „преЦедник“. Претходно, трговскиот патник Никола Груевски на елегантен начин го обвини македонските гласачи дека се виновни за оваа дешавка оти, иако тој предупредувал и барал 63 пратеници на Бејлиевите избори, добил само 51 мандат, па затоа сами сме си ја скроиле судбината. Видиш ти како никој не се сеќава на пржинската платформа, каде што беа удрени темелите на тиранското предавство. Да, бе, ова ќе ве одбрани од народниот, историскиот или божјиот суд. Под услов македонски партиски адвокати да ве бранат и такви судии да ве судат.

Ние сме таму каде што н` доведовте како политички лидери, односно поглавици. Сакавте Македонија и Македонците да станат плен и пленици. Баравте да не сте во безбедносен вакуум. Сакавте да се зачлените во ЕУ и НАТО. Оти сте биле прозападни, евро-атлантски ориентирани, заљубени во американската демократија. Фактички бевте с`, и Срби, и Бугари, и Грци и Албанци, само не Македонци и македонски. Се оградивте од Македонија како од руското државно знаме од кинескиот капитал, палестинската окупација, сириската кланица, ирачката инвазија и геноцид. С` што немаше да дадете, продадовте или поклонивте. Една слика покрива илјада зборови, ама еден збор „предавство“ испиша илјада страници. Сега сака да се гради МУЗЕЈ НА ПРЕДАВНИЦИТЕ НА МАKЕДОНИЈА. Со ваша промислена акција, од рамковниот, преку мајскиот, до пржинскиот пуч, етапно н` преведовте од народ со идентитет и име во стадо земјани.

Зошто, ќе праша некој. Па затоа што се маскиравте како македонски политичари, а всушност сте биле само обични НАТО-лобисти. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите сојузници трабант-партии никогаш не биле државотворни за какви си се прогласуваа за да покријат оти се профитерски друштва. Наша вина како луѓе е што иако знаевме, а вие не криевте дека сте тоа, не презедовме мерки да ве сотреме на секои избори на кои одевме. Целата халабука и глуматарање ви беа потребни само за едно, кој да биде потписникот, односно кој да биде главниот изведувач на прогласувањето на Македонците за мртов или исчезнат народ. Единствената „победа“ на ВМРО-ДПМНЕ над СДС-балистичка е во тоа што како опозиција ќе го дочека приемот на „дис бјутифул кантри“ во светата алијанса НАТО. Ќе се вади дека таа „формално-правно“ не го сменила името на државата. Ист ќе беше изговорот и со референдумот. Ќе ја префрлеше одговорноста на народот кој не излегол во голем број на референдумот, па сам е крив што го загубил името. Иако нема да се кажеше кој и зошто го фалсификува резултатот. Kако со територијалната поделба, со пописите и други трикови.

Сега е с` како што сакаше Љубомир Фрчкоски, големиот „стратег“. Во с` друго се едномисленици и злосторници. Сега си мислат дека може да здивнат. Избори и да има и да нема, веќе не е ни важно. Сметаат на тоа дека народ нема да излегува, што за нив е од првостепена важност. Оти, по урнекот на Запад, волјата на мнозинството мора да биде исфрлена од сценариото за да живее естаблишментот од фуфици. Дечкиве се убедени дека претставата „МИ ИХ KАО НАПАДАМО, А ОНИ СЕ KАО БРАНЕ“ може да доживее две илјади изведби во секакви временски и историски услови.

Е, тука сте се заебале гадно. Предаден народ е гаден непријател. Дејствува од зад грб. Откако ќе му пројде разочарувањето, ќе тргне во акција. Се вика тоа борба. Борбата на возрасни луѓе не е иста како борбата на деца од градинка. Не мислам на возраста, мислам на зрелоста. Вие во октомври или кога било ќе истрчате со своите кандидати на теренот, ама теренот веќе не е ваш, туку станал непријателски! Тоа ја снајде Хилари Kлинтон лани и уште кутрата не може да се скурдепса од неверица. Од самобендисаност и суета уште си мисли дека ја кутнала Русија, а не „глупите“ Американци. Џабе ~ е, ни таа ни нејзините „демократи“ не можат да го вратат теренот што го загубија. Затоа ќе повторам, никој да не си ги продава имотните листови, тапиите за земја. Секој сантиметар е важен. Секое маало, улица, село, општина. Парите се еднократна добивка и се трошат. Земјата е вечна дури иако е девастирана од многу абење.

Kандидати за изборите можете да бидете сите вие. Без партиска поддршка. Не ви треба ни пропаганда, ни летоци ни спотови за брзи профити. Не повлекувајте се пред налетите на качаци и учки. Тие се силни само во глутница и кога ги штити моќник, а се кукавици пред отпор и во борба на отворено. Учете од Сиријците кои двапати во воени услови на избори гадно го поразија својот западен окупатор и нивните ИСИЛ-платеници. На избори, под удари од секакво оружје, неустрашиво излегуваа масовно и гласаа (три првиот пат и пет илјади вториот пат) за независни кандидати за парламент. Добија уставотворно собрание кое е главен фактор на оформената преговарачка маса на која аукциски се бара столче повеќе. Добро, таму немаше барем политичко предавство како во Македонија. Величествениот и храбар Башар ал-Асад не го предаде ни напушти својот мултиетнички народ. И покрај ПРИТИСОЦИТЕ кои „нашиве“ муфљузи не ни можат да ги претпостават, а камоли издржат. Затоа тој е фактор, а нашиве се најобични употребени мивки. И нас ќе н` чека такво финале. Ќе н` стават на преговарачка маса, дали балканска или ексклузивно македонска, не знам уште, ама сум сигурна дека следните парламентарни избори ќе бидат за уставотворно собрание. Ако си ја поседуваме земјата, ќе бидеме преговарачки фактор, без оглед кој ќе биде другата страна или страни.

Епизодата некои десет-петнаесет проценти етничко малцинство да управуваат со парцела која била држава со мнозински народ на кој му се згазени сите земски права е неодржлива ситуација. Затоа се вика окупација и ропство. Kога го знаеме тоа, не ни требаат малодушност и загубена самодоверба. Тоа се емотивни состојби својствени на мазени и разгалени малолетници кои не искусиле колку е тежок и опасен животот во свет со кој управуваат предатори и владеат гангстерски правила. Македонците се с`, само не мазени и галени. А да не заборавам: Ние, поразените, предадените и излажаните, можеме без секој од сегашниве предавници, кои зедоа с` што беше на народот.

Тие не можат ништо без оваа земја и народ. Имаат пари, ама газдите не им даваат да си отидат од овде зашто какви што се немаат корист од нив надвор од „дис бјутифул кантри“. Ако заминат, ќе им ги чалнат и парите што ги штедат во странски банки и куќите што ги купиле таму. И децата што веќе ги преселија ќе им бидат или шетачи на кучиња или агентчиња и слугинчиња. Нив, имено, никој нема да ги смета за македонска дијаспора, ами за колнато јудино семе. А кога веќе им е судбински одредено да умрат овде, знам дека она што им остана да одживеат ќе биде македонски дел од пеколот.

#



Останати вести
Зоран Заев е општа опасност за Македонија
„Водовод“ годишно губи 17 езера како Матка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести