период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 12.06.2017, 15:44

Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска

Веќе се одбројуват деновите до стартот на Европското првенство за млади во Полска. Македонија низ квалификацискиот циклус покажа и докажа дека има победнички менталитет. Ова генерација низ натреварите со: Северна Ирска, Шкотска, Украина, Исланд и Франција ја израдува целокупната фудбалска и спортска јавност во нашата земја и обезбеди историски пласман на едно Европско првенство. Серија од 13 средби без пораз е резултат на кој се гордееме сите.

-Присуството на голем број на преставници на седмата сила е најдобра потврда за постигнатиот успех. Ќе се обидеме во Полска да бидеме на посакуваното ниво. На турнирот се најдобрите млади селекции во Европа. Сите фудбалери се подготвени, здрави и подготвени да одговорат на предизвикот. Концепцијата на игра и пристапот нема да го менуваме. Се работи за силни репрезентации со одлични индивидуални квалитети. Ние ќе играме со истата желба како во квалификаците. Овие момци не смее никој да ги потцени, бидејќи имаат и фудбалски и пред се човечки квалитети – вели селекторот Милевски.

-Моментот што сите го очекуваме се приближува. Подготвени сме и веруваме дека можеме да направиме нешто големо и сите да се радувме. Шпанија е една од најсилните репрезентации. Но, ние докажавме дека можеме да се носиме со силните селекции. На терен сме 11 на 11 и верувме во себе. Играме три меча во краток интервал, но каде не може физички, ќе го оставиме срцето на терен за да постигнеме резултат. Голема благодарност за макеоднскиот народ за целокупната подршка – истакнува Давид Бабунски.

– Од ден на ден притисокот се зголемува. Но, истиот е позитивен и за нас претставува дополнителен мотив да продолжиме по патот на успехот. Имаме квалитет и тоа го потврдивме. Сега дојде времето да покажеме дека овој успех не е случаен.Ќе се надигруваме со секого. Не гледам причина зашто би се плашеле од некој противник. Одиме од натпревар во натпревар. Чекор по чекор. Но, не гледам зашто не би размислувале за следната фаза – вели Ѓоко Зајков.

По стариот македонски обичај, по заминувањето на автобусот за скопскиот аеродром, генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија Филип Поповски полеа вода за среќен пат.

Првиот натпревар на ЕП се игра на 17 јуни против Шпанија, а потоа следат мечеви против Србија (20 јуни) и Португалија (23 јуни).

#



Останати вести
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести