период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 17.02.2017, 15:34

Миркуловски уште една година со Вецлар

Филип Миркуловски е познат како невиден борец и голем професионалец на теренот, а тоа знаат добро да го препознаат Германците, или во случајот одговорните луѓе на Вецлар кои денеска со огромно задоволство потврдија дека македонскиот репрезентативец ќе остане дел од тимот за дополнителна година.

Феноменалниот македонски бек има одлични изданија во редовите на германскиот бундеслигаш, а ова утро беше официјализирано дека ќе го носи зелено-белиот дрес на Вецлар и наредната натпреварувачка сезона.

– Чест ми е што и натаму ќе го носам дресот на Вецлар. Минувам навистина фантастично време во овој клуб и во овој град, моето семејство се чувствува неверојатно добро. Покрај тоа, атмосферата во тимот е одлична и тоа е многу важно за сите кои работат во клубот. Ние работата си ја вршиме професионално, а навивачите се сензационални. Одличниот проект на Вецлар постојано созрева и мене ми е навистина мило што и натаму ќе бидам дел од него, – изјавил популарниот „Жути“ за официјалниот сајт на клубот.

#



Останати вести
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести