период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 15:01

МИЛИЈАРДЕРОТ ВО СЕДИШТЕТО НА ЕУ

Сорос оди кај Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неговиот заменик Франс Тимерманс, како и еврокомесарите Вера Јурова и Јурки Катаинен, следната недела во Брисел ќе се сретнат со основачот на фондациите „Отворено општество“, Џорџ Сорос.

Според календарот на активности на членовите на Еврокомисијата, Јункер ќе го прими Сорос в четврток (27 април), додека Тимерманс, еврокомесарот за правосудство Јурова и еврокомесарот за економски раст и инвестиции Катаинен, ќе се сретнат со мултимилијардерот в петок (28 април).

Портпаролката на Европската комисија, Мина Андреева, потврдувајќи ја посетата на Европската комисија на човекот против чие дејствување се борат неколку земји членки на ЕУ, но и држави кандидати за членство, како Македонија и Србија, истакна дека Брисел е фокусиран на случувањата во Унгарија и затоа ќе разговара и со Џорџ Сорос.

- Тие ќе дискутираат за политичкиот развој на настаните во Унгарија. Свесни сте дека Комисијата дискутираше за правните прашања поврзани со Унгарија на 12 април, а што покрива голем број прашања, па тие ќе имаат можност да дискутираат за ова. Во објавениот календар на комисиските активности за следната недела, ќе видите и дека првиот потпретседател Тимерманс, потпретседателот Катаинен и комесарката Јурова, исто така ќе се сретнат со Џорџ Сорос. Потоа, ние ќе имаме уште состаноци поврзани со Унгарија, како дел од политичкиот дијалог што објавивме дека ќе го имаме за покривање на сите прашања во однос со Унгарија - истакна Андреева.

Запрашана зошто Еврокомисијата го прима Сорос, кога неколку земји членки на Унијата, како и држави од соседството имаат проблем со активностите на американскиот милијардер со унгарско потекло, портпаролката на ЕК посочи дека фокусот е на Унгарија и случувањата во оваа држава, каде што со новиот закон за високо образование има можност за затворање на Соросовиот Централноевропски универзитет (ЦЕУ), а и со ограничувањето на правата на невладините организации е опфатено и „Отвореното општество“ на Сорос.

- Главен фокус во разговорите со Сорос ќе биде политичкиот развој на настаните во Унгарија, за што Комисијата веќе дискутираше - потенцира Андреева.

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести