период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Македонија
Датум: 18.05.2017, 15:40

Прилепските уметници уредија паркинзи за велосипеди

Локалната самоуправа од Прилеп во соработка со Друштвото на ликовните уметници од овој град деновиве постави современи паркинзи за велосипеди со урбан стил. Средствата за овие паркинзи се обезбедени од локалната власт.

- Друштвото на ликовни уметници од општина Прилеп во соработка со локалната самоуправа дојдовме до идеја да се разубави центарот на градот вклучувајќи мурали, скулптури, споменици и мозаици. Муралот е завршен, вториот паркинг за велосипеди со урбан стил е исто така завршен. Наскоро ќе поставиме уште неколку вакви паркинзи низ градот. Прилеп е прв град кој поставува вакви интересни паркинзи со споменични обележја со цел да се развива екологијата во градот и да се подигне велосипедската култура на повисоко ниво - изјави Марјан Стојаноски од Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.

Според градоначалникот Марјан Ристески, идејата е оригинална и прифатлива за локалната самоуправа.

- Идејата е за разубавување на градот, а она што ќе се поставува како урбана опрема има своја цел. Тоа, од една страна, е украс на градот, а, од друга страна, има практична примена за сите оние што користат велосипеди. Ваква урбана опрема ќе биде поставена на повеќе делови во градот. Средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа - изјави Ристески.

#



Останати вести
Слеп се искачил на повеќе од 80 врва
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести