период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 09:31

РЕволт поради РЕЗОЛУЦИЈАТА НА СТРАЗБУР

Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија

Македонците во Албанија не се Бугари. Во Албанија нема Бугари ниту во Мала Преспа, ниту во Голо Брдо ниту во Гора, реагираа од Светскиот македонски конгрес на резолуцијата за Албанија, усвоена во Европскиот парламент, во која бугарските европратеници успеаја да вметнат параграф со кој се бара Тирана да се грижи за бугарското малцинство во земјата. Претседателот на СМK, Тодор Петров, вели дека Софија продолжува со антимакедонската политика.

- За жал, во институциите на ЕУ одамна на голема врата навлегуваат политиките и интересите на Бугарија и Грција како продолжение на интересите од балканските војни Македонија и Македонците да ги нема. Токму поради тоа упатуваме најостра критика на резолуциите на ЕП, во кои Македонците во соседните земји на републиката, во случајов во извештајот за напредувањето на Албанија за членство во ЕУ, Македонците во Албанија се третираат како Бугари - изјави Петров.

СМK бара македонската влада отворено да протестира до ЕУ и во сите документи Македонците да бидат наведени со сопственото име и идентитет.

И здружението на Македонците од Албанија „Илинден“ побара и од албанската, но и од македонската Влада да реагира со демарш до официјален Брисел и официјална Софија поради лажно вметнување на бугарската историја во официјалните документи на ЕУ.

Во извештајот се направени груб фалсификат и огромна невистина која задира во чувствата на Македонците. Од друштвото нагласуваат дека во резолуцијата се извршени груба повреда на меѓународното право, Универзалната декларација за човековите права и слободи и Повелбата на Обединетите нации, како и геноцид врз македонскиот народ во Албанија.

Од друга страна, пак, Европската слободна алијанса (ЕФА), што како асоцијација функционира во Европскиот парламент и ги претставува малцинските групи во Европа, меѓу кои и двете партии на Македонците, од Грција - Виножито и од Бугарија - ОМО „Илинден“ - ПИРИН, на гласањето на резолуцијата успеа да интервенира со забелешка дека во областите Преспа, Голо Брдо и Гора не живее бугарско, туку македонско малцинство.

Забелешката е впрочем реакција на амандманот на двајцата бугарски пратеници Андреј Kовачев и Ангел Џамбаски, во кој се бара од албанските власти да ги штитат правата на бугарското малцинство во Преспа, Голо Брдо и Гора, што како член 24 се најде во предлог-резолуцијата за Албанија. Бугарските пратеници не очекувале таква реакција од некој од членовите на ЕФА, од каде што повторуваат дека постојано ќе реагираат кога има ситуации што потврдуваат дека Бугарија има скриена агенда на искривување на вистината за постоење македонско малцинство во Албанија.

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
коста, 17.02.2017 11:19:01
Точно, фалсификат е, ама која влада последен пат ги спомена овие луѓе кои се уште живеат на националната македонска територија, а окупирана од денешните Албанци? Сега ли ни текнува дека тие се пред исчезнување како што сме и ние во Република Македонија? И наместо да се бара принцип на реципроцитет во односите со Албанија во поглед на малцинствата, сега доаѓаме во ситуација да ги изгубиме тие луѓе кои живеат на своја исконска територија, а натрапниците Албанци да не потиснат сосема и во остатокот од Македонија - Република Македонија. Ова е за наш голем срам, ама нам паметот не ни е во нас самите, туку во ЕУ и НАТО!
Најнови вести