период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 19.05.2017, 12:20

ФУДБАЛ - ПЕЛИСТЕР ЈА ПОБЕДИ ШKЕНДИЈА НА ПЕНАЛИ ВО ФИНАЛЕТО ОД KУПОТ НА МАKЕДОНИЈА

Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј

Пелистер е освојувачот на фудбалскиот Kуп на Македонија откако во јубилејното 25. финале одиграно во Струмица на пенали ја совлада Шкендија со 4-3. По 120 минути игра мрежите на двете екипи мируваа (0-0), а во пенал-рулетот Пелистер четирипати ја стресе мрежата на Шкендија, кој искористи три удари од белата точка, што им беше доволно на битолчани на крајот вторпат да го испишат своето име меѓу тринаесетте досегашни освојувачи на големиот преоден пехар од ФФМ.

Во својот четврти обид Пелистер вторпат го освојува Kупот на Македонија и доби право на настап во новата сезона во квалификациите од Лига Европа каде што ќе игра и Шкендија, но како второпласирана во првенството.

- Битола заслужи да се радува на трофеј по 16 години пауза. Долго го чекавме ова финале. Успешната сезона ја крунисавме со пехар во Kупот. Сите ја посакувавме победата, знаевме дека ќе биде тешко, но и среќата во пенал-рулетот беше на наша страна. Пресреќен сум што донесовме радост за сите спортски вљубеници од Битола. Го заслужија тоа - изјави капитенот на битолчани, Филип Миленковски, со кој до раните утрински часови по враќањето од Струмица го славеа успехот.

Во пенал-рулетот фудбалерите на Шкендија не реализираа два удара. Најпрво не ја погоди целта првиот стрелец на тетовските „црвено-црни“ и во првенството, Бесарт Ибраими, а по него и Бесарт Абдурахими. Битолчани по нереализираниот удар од страна на Лукас, ~ ја вратија надежта на Шкендија дека ќе може да ја сочува куп-титулата, но во решавачката петта серија на сцена стапи Баже Илиоски, кој со прецизен удар си обезбеди петта куп-титула во кариерата со трет тим.

- Шкендија можеби имаше иницијатива, но ние имавме концепт на игра, создадовме повеќе шанси. Нереализираните шанси не ни ја разнишаа самодовербата. Мислам дека заслужено победивме. Во пенал-рулетот треба и среќа. Ја заслуживме победата. Ја презедов одговорноста и го погодив решавачкиот пенал. С` уште сум без пораз во финалињата од Kупот на Македонија. Се надевам дека и во иднина ќе ја продолжам успешната серија - вели Илијоски.

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Kристијан Тошевски, вторпат слави освојување на куп-титула, и тоа освоена против Шкендија, откако во 2013 година на ист начин со Тетекс славеа на пенали.

- Шкендија е одлична екипа, но вторпат ја добивам во едно куп-финале и секако дека сум пресреќен. Заслуживме да се радуваме. Ова е успех на целиот тим - додава Тошевски.

Додека битолчани ја почнаа прославата уште на теренот во Струмица, каде што имаа група свои навивачи, Шкендија и нејзините симпатизери остана разочарани бидејќи сезонава ќе ја заврши без трофеј. Во првенството ја загуби трката со Вардар, а во Kупот му ја предадоа титулата на Пелистер.

- Требаше да се покажеме на теренот. Не успеавме да го одбраниме трофејот. Пелистер умешно се бранеше и успеа во својата намера. Kога тимот нема да победи - виновен е тренерот. Ја преземам одговорноста - рече Ерхан Селими, тренерот на Шкендија, кој го наследни Томас Брдариќ, кој по загубената шампионска трка се раздели со тетовскиот тим.

#



Останати вести
Фиорентина прва тргна по Несторвски со 10 милиони евра
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести