период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 19.05.2017, 12:26

СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан


Специјалното јавно обвинителство поднело жалба до Кривичниот суд за одлуката да не му определи мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан.

Кривичниот совет треба да донесе одлука по жалбата од СЈО во рок од 48 часа, но не се знае дали ќе се земат предвид деновите од викендот. Оваа одлука на Кривичниот совет ќе биде конечна.

Судијката на претходна постапка, Даниела Димовска донесе одлука на Кочан да му биде одземен пасошот, а тој и неговата одбрана понудиле гаранција од близу еден милион евра дека ќе биде достапен за судот и нема да ја напушти земјата.

Инаку, Кочан е осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Неговата фирма „Трансмет“ и фирмите „Силекс неметали“ и „Вато“, според СЈО, со фалсификувани документи добиле тендер во вредност од 17 милиони евра.

#



Останати вести
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Го бодел со нож зетот во болница

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести