период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 19.03.2017, 19:51

ГРУЕВСКИ ЗА „КАНАЛ 5“

ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза


Заев е длабоко завлезен во криминал и затоа не отстапува од платформата, Тој сака по секоја цена да формира влада и тргувајќи со националните интереси со притисок да се извлече од казната, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во вестите на „Канал 5“.

-Тој знае што го чека за тоа што го направи,Заев е преплашен за неговата иднина поради постапките што ги прави одејќи спротивно на волјата на народот да се извлече и да дојде за премиер- вели Груевски.
Груевски вели дека тој може да одговара за она што ќе го направи неговата партија но дека не може да предвиди како ќе реагира народот.

- Народот е над сите политичари и нека му ја мислат политичарите што одат спротивно на народот-нагласува Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека деновиве ќе понудат решение за излез од кризата.

- Ние подготвуваме и документ за зачувување на Македонија, тоа е политички документ кој ќе понуди начин за излегување од  кризата, преку негово прифаќање ќе се излезе од кризата, но нема да се наруши унитарноста на државата. Овој документ во текот на следната недела ќе биде понуден на сите поголеми партии и очекуваме да го освоиме сите политички партии, истакна Груевски

Тој вели дека и натаму смета дека излез од моменталната политичка состојба се брзи парламентарни избори заедно со локалните.

Груевски, коментирајќи ја актуелната политичка ситуација, истакна дека неговата партија ќе се однесува во рамките на дозволеното по законот и деловникот.

„Нашата партија ќе се однесува демократски. Народот никој не може да предвиди што ќе прави. Народот е над политичарите. Тој што оди против волјата на народот и ги руши неговите интереси, тој нека мисли што може да го снајде од народот“, вели Груевски.

#



Останати вести
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Македонија нема да прифати уцени
Го покануваме Хан пред 100.000 луѓе да ја осуди платформата на Еди Рама
Албанците се миленици на Западот оти се подобри вазали
СДСМ не негира дека му понудил на Села да биде претседател на Собранието

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Без победа нема мир, 19.03.2017 20:31:48
Документот нека биде отворена понуда до Заев и СДСМ за откажување од Тиранската платформа, под дадени услови за поддршка од 51 пратеник, со потпис на Груевски на едната, а празно место, отворено за потпис на Заев. Да стои за историјата, утре некое комуњарче да не оспорува или да не се сеќава.
Тирион Ланистер, 19.03.2017 20:58:41
Се ова можеше да се избегни доколку ги игнорираше заканите од нашите „западни пријатели“ и го уапсеше црпнатиот веднаш штом ти се закани со снимките. Ама по се изгледа, ни ти не си чист. Сакаш излез од кризава? Упасете го Заев за криминал, корупција, велепредавство...се по список...а потоа поднеси си оставка и немој до крај на својот живот да си помислил да се занимаваш со политика. Едноставно, не те бива.
450000 гласови не се твоја лична своина и наследство за да ги нудиш на кого сакаш, 19.03.2017 21:14:02
Ако не си способен да испорачаш, никој не ти даде право да се пазариш а најмалку гласовите на гласачите да ги нудиш на Заев или на било кој друг. Ако е така, народот е единствен што има право да го прави тоа и единствено на избори ќе реши дали да му го позајми/даде гласот на заев за да му ја задоволи патолошката желба за власт!!! На тебе и на сите останати кои се борат за глас од народот тоа им е забрането!!! Вие почнавте безобразно да излегувате од ингеренциите за кои добивте глас!!! Очигледно, изборите од 11 се општа програмска изборна измама, затоа, потхитно на нови избори, па народот на сите да ви го покаже патот!
Od Italia, 19.03.2017 21:58:21
Brate moj, ti si vo potpolno pravo. No edno e jasno, DOJDE VREME DA SE PREBROIME I DOBRO DA SE ORGANIZIRAME
??, 19.03.2017 23:00:04
VMRO treba da gi povlece od politikata starite kadri - dedeka ne se dokaze deka se nevini - i da stavi novi. Na toj nacin ke ja zatvorat ustata na petokolonashite. Slushnete deka tie samo gi napagjaat kadrite na VMRO so shto gi izbeguvaat faktite deka ja prifatile tiranskata deklaracija. A tokmu taa deklaracija e sushtinata na protestot na obicniot makedonski gragjanin i Predsedatelot.
Бог, 19.03.2017 23:34:01
Никакви политички предлози не и требаат на Македонија. Проблемот е што сите таканаречени партии НИКОГАШ не го почитуваа Уставот и законите. Државните установи НИКОГАШ не превзедоа постапки против самоволното и бандитско однесување на партиите и поединци. Ниту народот ништо не направи кога партиите и поединци почнаа да се однесуваат самоволно и бандитски. Макаденија понавља да се однесува како држава. Е сега после 26 годидини самоволие и бандитство дојде времето народот да си го бери тоа што го посеа. Ако некој мисли дека промената на името, знамето, парите, АСНОМ-скиот Устав, територијалната организираност, војна во 2001 год., помилување на терористи и наградување со министерски и државни фотељи се работи кои сега можат да бидат вратени на како што требаше да биде тогаш тој човек е слепец.
Најнови вести