период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 19.05.2017, 11:04

Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар


Нови искачувања од страна на младиот неготински планинар Ване Бошев, најави денеска неговиот татко Орданчо, кој е долгогодишен планинар. Како што соопшти таткото, планинарот со неполни десет години  кој веќе има освоено бројни награди и признанија, а два пати доби и признанија како млад и надежен планинар од страна на Македонската федерација за планинарски спортови, викендов ќе се натпреварува по алпинизам, во рамките на фестивалот кој се организира на Демиркаписката клисура. 

- Следуваат и трите врвови на планината Олимп во Република Грција, од кои Митикас со височина од 2917 метри, е највисок во таа земја и втор по височина на Балканот, соопшти Орданчо Бошев.

На агендата на младиот планинар кој планинари од неполни три години и добива стипендија од државата, се и врвот Велики Чемерник во Србија и уште еден во Косово.  (С.Д.)
 

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Иванов од утре во Јордан
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести