период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.03.2017, 19:33
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици



Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во акцијата за сузбивање на организирана криминална група која се занимавала со продажба на дрога запленети се околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, меѓу 8 до 10 килограми марихуана, 570 таблети екстази, оружје, пари и дигитални ваги.

Акцијата е спроведена на локации во Прилеп, Битола и Скопје при што уапсени се шест лица, а по две лица кои се во бегство интензивно се трага.

Кривична пријава е поднесена против Д.В. (41), Н.Х. (43), Е.З. (44), М.К.(30), М.С. (37), Ф.П. (27), И.Т. (29) и В.В. (39) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’.

Против Н.Х. ќе биде поднесена пријава и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, додека против В.В. за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На пет лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а на едно лице му е одредена мерка домашен притвор.

По спроведена истрага утврдено е дека Д.В. од Прилеп е организатор на криминалната група која подолг период била инволвирана во продажба на хероин и марихуана на подрачјето на Прилеп и Битола.

Тој, како што информира МВР, создал своја мрежа на соработници во која секој од членовите извршувал конкретна криминална активност. Д.В. вршел набавка на дрога од Н.Х. и Е.З., двајцата од Скопје, кои дрогата ја транспортирале до Прилеп. Дел од набавената дрога Д.В. ја плаќал со пари, а во неколку наврати е направена замена на дрога за патнички возила и мотоцикли.

По набавката на дрогата, Д.В. ја предавал на М.К. од Прилеп и И.Т. од Битола кои биле задолжени за чување, мешање и препакување на дрогата од каде што така спакуваната дрога по претходен договор Д.В. ја преземал и доставувал до Ф.П. од Прилеп и М.С. од Битола кои биле задолжени за понатамошна препродажба. По инструкции на Д.В. во неколку наврати и самите дилери ја преземале дрогата од горенаведените лица задолжени за чување, мешање и препакување.

При извршените претреси во полициската акција кај Ф.П. во Прилеп пронајдено е едно поголемо полиетиленско пакување во кое имало повеќе помали пакувања исполнети со прашкаста материја во кафена боја (хероин), додека кај родителите на В.В. (инаку сопруга на Д.В.) пронајдена е дигитална вага.

Во текот на вчерашниот ден при извршените претреси во Скопје кај Н.Х. пронајдени се два телефонски апарати, девет држачи за СИМ (со и без картици) пластично кутивче со бела непозната материја, едно полиетиленско пакување со непозната бела прашкаста материја, осум куршуми со калибар 7,65, 50 евра и 158.900 денари во различни апоени, три патнички моторни возила (пежо 307, пасат и БМВ 320Д), купопродажни договори, клучеви, сообраќајни дозволи.

Кај лицето Е.З. при претрес пронајдено е околу 700 грама хероин, 250 грама кокаин, 8 до 10 килограми марихуана, 570 таблети-екстази, три телефонски апарати, две дигитални ваги со остатоци, сума пари - 19.000 денари.

При преземање на оперативно тактички мерки при претресот кај Е.З. во дворот пронајдена е пластична канта закопана во земја во која бил сместен хероинот, кокаинот, паричник за појас во кој имало 50 екстази, прашкаста материја со кафена боја - хероин, 50 екстази и дигитална вага.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести