период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 18.05.2017, 15:43

И НИМ НЕ ИМ Е ЛЕСНО

Најбогатите луѓе во светот загубија 35 милијарди долари за еден ден

Најбогатите луѓе во светот изгубиле 35 милијарди долари во средата кога глобалните берзи беа потресени од политичките превирања во САД, покажува индексот на милијардери на „Блумберг“.

Бил Гејтс, најбогатиот човек во светот, со богатство што се проценува на 86,8 милијарди долари, изгубил 1 милијарда долари кога цената на акциите на најголемиот холдинг „Мајкрософт“ забележаа пад од 2,8 отсто.

Kоосновачот на „Амазон“, Џеф Безос, на кого претходно оваа недела му недостигаа само 4 милијарди долари, за да го надмине Гејтс на лидерското место, падна на третата позиција, изгуби 1,7 милијарда долари поради падот на цената на акциите на компанијата со 2,2 отсто.

Шпанскиот магнат Амансио Ортега изгубил 355 милиони евра до крајот на денот, но се искачи на второто место на листата со богатство од 83,2 милијарди долари.

Глобалните берзански индекси паднаа кога политичките превирања ја зафатија Белата куќа поради истрагата за односите на американскиот претседател Доналд Трамп и разрешувањето на директорот на ФБИ, Џејмс Kоми. Цените на американските акции забележаа најголем пад од септември наваму, па технолошкиот „Насдак“ падна 2,6 отсто. Светскиот индекс МСЦИ се намали 1,2 отсто, а банкарскиот сектор се претстави најлошо.

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, беше најсилно погоден од турбуленциите. Тој изгуби 2 милијарди долари кога акциите на гигантот во социјалните медиуми поевтинија 3,3 отсто. Цукерберг е петти човек по богатство на планетата со 62,3 милијарди долари, покажува индексот.

Трамп, првиот милијардер кој станал претседател на САД, поседува нето-богатство од 3 милијарди долари и не е дел од индексот на „Блумберг“, кој секојдневно ги проценува 500. најбогати луѓе во светот. Нивното вкупно богатство изнесува 4,9 илјади милијарди долари, а е зголемено 455 милијарди долари во 2017 година.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Над 60 компании бараат работници на Саемот за вработување
На сметките на земјоделците легнаа 7,5 милиони евра субвенции
Британските отворени фондови патат од слаба ликвидност
ЕK ја казни „Фејсбук“ 110 милиони евра поради лажни информации
„Турски тек“ и „Северен тек 2“ ќе ги испразнат гасоводите во Украина, Полска и во Бугарија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести