период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.04.2017, 23:04

ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ФРАНЦИЈА

Двајца полицајци убиени во центарот на Париз



Двајца полицајци убиени во терористички напад во центарот на Париз, информираат француските медиуми. Според француската полиција, возило застанало на Шанзелизе 102 пред полициско комби, а од него излегол маж и почнал да пука со автоматско оружје.

-Полицијата возвратила на огнот и го убила напаѓачот, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Пјер Енри Бранде.

Шанзелизе, кадешто се случи пукањето, е под блокада на полицијата.

Француската полиција вчера соопшти дека спречила терористички напад за време на предизборната кампања за претседателските избори во Франција, на само три дена пред изборите.

Безбедносните сили на Франција почнаа антитерористичка истрага, а идентитетот на напаѓачот засега не е познат.

Инцидентот се случува откако претседателските кандидати ги дадоа своите последни говори пред првиот круг од изборите во недела.

Исламистичкиот екстремизам беше една од главните теми во предизборната кампања по неколкуте терористички напади во Франција и ширум Европа, за кои одговорност презеде терористичката групација, Исламска Држава.

Шанзелизе веќе подолго време се сметаше за потенцијална мета на исламистите поради големиот број на туристи кои секојдневно ја посетуваат.

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести