период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 18.05.2017, 15:41

ЗАПАДНА ЕВРОПА ЌЕ СЕ СНАБДУВА БЕЗ ПОСРЕДНИЦИ

„Турски тек“ и „Северен тек 2“ ќе ги испразнат гасоводите во Украина, Полска и во Бугарија

За само две години „Газпром“ ќе ги заврши „Турски тек“ и „Северен тек 2“, па земјите низ кои се транзитира рускиот гас, Украина, Полска и Бугарија, ризикуваат да останат со празни цевки, посочуваат експертите, пишува „Руски дневник“.

„Газпром“ почна со изградбата на гасоводот „Турски тек“ во морскиот дел, соопшти компанија на 7 мај 2017 година. „Турски тек“, кој го замени неуспешниот „Јужен тек“, според плановите, треба да биде завршен во 2019 година, а истиот краен рок е поставен и за другиот руски гасовод „Северен тек 2“.

Kој ќе искористи?

Земјите од Западна Европа ќе може на овој начин да добиваат руски гас по значително пониска цена и без опасност од прекин на испораката. Денес транспортот на руски гас преку „Северен тек 1“ до европските земји чини 1,5 пати поевтино отколку преку гасниот транспортен систем на Украина, покажуваат податоците презентирани во декември 2016 година од страна на Александар Новак, министер за енергетика на Русија.

Ризиците да не бидат завршени овие проекти и гасоводите да не бидат пуштени во употреба се минимални, сметаат експертите. Пред неколку недели, истовремено, пет европски компании, француската „Анжи“, австриската ОМВ, британско-холандската „Ројал Дач Шел“ и германските „Унипер“ и „Винтершел“, потпишаа договор со „Северен тек 2 АГ“, ќерка- компанија на „Газпром“, за финансирање на изградбата на гасоводот и за тоа обезбедија 5 милијарди евра.

- Таквата шема на финансирање целосно го решава проблемот со евентуалното блокирање на градежништвото од полската антимонополска служба. Сега може да се гради, Германците се силно заинтересирани за тоа - вели Олег Богданов, главен аналитичар на „Телетрејд група“.

Ризиците за изградба на „Турски тек“ зависат целосно од состојбата на односите меѓу Турција и Русија.

- Во моментот, по последната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Ердоган, сите прашања и проблеми се решени, затоа пред изградбата на нафтоводот нема пречки - вели Богданов.

Од друга страна, владата на Турција е силно заинтересирана за „Турски тек“.

- За Турција, тоа е првиот чекор кон нејзината стратегија за претворање во енергетски центар, кој ќе ги опслужува земјите од јужна Европа - коментира Артом Деев, водечки аналитичар на „Амаркетс“.

Ставање во погон на двата гасовода во 2019 година ќе ги прошири можностите на рускиот „Газпром“, кој го зголеми уделот на европскиот пазар и денес обезбедува 33,5 отсто од целата потрошувачка на гас во Европа.

- „Газпром“ ќе успее да го подобри сопствениот рекорд и да го зголеми уделот со уште неколку процентни поени во 2019 година - посочува Деев.

Транзитните земји главни аутсајдери

Една од главните цели од изградбата на двата гасовода е да се намалат провизиите за транспорт на гас преку Украина, Полска и Балканот. Низ Украина денес поминува до 66 отсто од рускиот гас за Европа.

Првата цевка на „Турски тек“, која започна да се гради во мај 2017 година, треба целосно да го замени балканскиот гасовод, кој сега тргнува од Русија за да стигне до Турција поминувајќи низ Украина, Молдавија, Романија и Бугарија, посочува Игор Јушков, водечки аналитичар на Фондот за национална енергетска безбедност.

- Оваа цевка се гради исклучиво за потребите на самата Турција и ќе има капацитет од 15,75 милијарди кубни метри гас, а преку балканскиот гасовод годишно поминуваат околу 11 милијарди кубни метри - коментира Јушков.

Но, „Газпром“ и земјите од Западна Европа нема да може да се ослободат целосно од транзитните земји.

- Во 2016 година низ Украина се транспортирани 82,2 милијарди кубни метри гас, а „Северен тек 2“ и „Турски тек“ ќе може да носат, дури и при полно оптоварување, максимум 70 милијарди кубни метри гас. Затоа во сите случаи од 10 до 15 милијарди кубици годишно ќе останат за украинската цевка - посочува Ана Вовк, генерален директор на компанијата „Национална дистрибуција“.

Според пресметките на Игор Јушков, има веројатност капацитетот на „Турски тек“ и на „Северен тек 2“ да е доволен за да може „Газпром“ да се откаже од украинската цевка, но за тоа ќе треба да ги наполни до врв сите достапни и идни капацитети.

„Газпром“ се надева дека ќе продолжи падот на производството на гас во северозападна Европа, кој сега се забележува во Холандија, Данска, Велика Британија и во Норвешка и со тоа да го зголеми обемот на снабдување и така целосно да наполни „Северен тек 1“, вели Јушков.

Останатите 10-15 милијарди кубици од Украина може да се преземат по втората цевка на „Турски тек“, кој треба да продолжи кон Италија преку Турција и Грција или по трасата на неуспешниот „Јужен тек“ преку Бугарија кон јужна Европа.

#



Останати вести
На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори
Над 60 компании бараат работници на Саемот за вработување
На сметките на земјоделците легнаа 7,5 милиони евра субвенции
Британските отворени фондови патат од слаба ликвидност
ЕK ја казни „Фејсбук“ 110 милиони евра поради лажни информации
Најбогатите луѓе во светот загубија 35 милијарди долари за еден ден

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести