период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 18.05.2017, 16:37

НА KОНФЕРЕНЦИЈА ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ИНТЕРНЕТ

11-годишно момче им одржа лекција на компјутерските експерти

Сајбер-нинџата, 11-годишниот Ребен Пол, кој учи во шесто одделение во основно училиште во градот Остин во американската држава Тексас и неговото плишано мече Боб ги восхитиле стотиците посетители на конференцијата за компјутерска безбедност што се одржа во Холандија, пишува „Гардијан“.

- Од авион до автомобил, од паметните мобилни до паметните домови, буквално што било, вклучувајќи ја и секоја играчка, с` може да стане дел од интернет-предметите. С` може да се претвори во оружје – од терминаторите до плишаните мечиња – рекол Ребен.

Хакирано мече

За да им го демонстрира тоа, Ребен своето плишано мече, кое има вграден уред за поврзување со „облак“ за да може да репродуцира одредени звуци по пат на „блутут“ и компјутер „расбери пи“, го споил со сите достапни уреди во просторијата во која се одржувала конференцијата. Потоа со помош на програмскиот јазик Python преку еден од уредите со вклучен „блутут“ го хакирал своето плишано мече.

Потоа со помош на хакираното мече ја снимил пораката од публиката.

- Повеќето уреди што можат да се спојат на интернет имаат блутут-функционалност. Јас само им покажав дека може да се приклучам на нив и што може при тоа да се направи – рекол Ребен по предавањето.

Притоа тој појаснил дека куќните апарати, фрижидерите, автомобилите и сите уреди што може да се спојат на интернет или меѓусебно може да бидат искористени како оружје или како средство за шпионирање.

- Хакерите со нивна помош може да крадат шифри, да шпионираат луѓе, да ја откриваат локацијата на која се наоѓаат некои луѓе со помош на ГПС. Играчката може да му каже на детето дека треба да појде на некое место каде што го чека странец – предупредило ова момче.

Најмлад носител на црн појас

Таткото на Ребен, Мано Пол, и самиот е стручњак за информациски технологии и изјавил дека неговиот син уште од најмали нозе се интересирал за компјутерите.

- Секогаш н` изненадува. Kога ние нешто ќе го научевме тој уште побрзо нас ќе н` научеше нешто друго – рекол таткото.

Него го шокирало откритието дека модерните детски играчки со високотехнолошки додатоци

се многу ранливи. Неговиот син во една пригода го хакирал автомобилот играчка.

- Тоа значи дека нашите деца си играат со темпирани бомби. Злонамерните луѓе во секое време може да ги искористат таквите слабости и сигурно ќе го сторат тоа – рекол таткото.

Семејството Пол затоа и основало непрофитна организација за да ги едуцира децата и возрасните за компујерската и интернет-безбедноста..

- Производителите, истражувачите на безбедноста и владите во светот мора да работат заедно за да се зголеми сигурноста - рекол Ребен.

Ова момче е најмладиот Американец што е носител на црн појас од шаолин кунг фу. Тој планира да студира компјутерска безбедност и вели дека своите способности сака да ги ги користи за добро на заедницата.

#



Останати вести
Јапонската принцеза го напушта царското семејство
Седумгодишно дете изнесено со лисици од училиште во Тексас

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести