период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 12.06.2017, 15:11

"Лачни Франз" на Скопско лето


Култниот словенечки бенд "Лачни Франз" на 22 јуни ќе настапи на платото пред МОБ, а концертот ќе биде во рамките на манифестацијата "Скопско лето". Освен во главниот град, легендите имаат и уште два концерта во Македонија. На 23 јуни составот ќе свири во Прилеп, а еден ден подоцна ќе се претстави и пред охридската публика.

Ова е прво гостување на "Лачни Франз"во Скопје, по распаѓањето на Југославија. Скопската ппублика последен пат ги гледаше во 1985 година во МКЦ, и уште еднаш кон крајот на 1980-тите. Инаку, пејачот и водач на групата Зоран Предин, пред неколку години настапуваше во рамките на "Оф-фест", кога го најави реоформувањето на "Лачни Франз". На фестивалот не настапи во придружба на групата на Дамир Кукурузовиќ, но и тогаш беа отсвирени песни од репертоарот на неговиот матичен бенд.
Групата "Лачни Франз" е оформена во 1979 година и за кратко време стекна голема популарност на територијата на тогашна Југославија. Голема инспирација им бил словенечкиот бенд "Булдожер", кој бил познат по текстовите со социјална и политичка сатира. Бендот има објавено девет албуми, на кои подоцна се додадени и 4 компилации, а нивна најпозната песна е "Ne mi dihat za ovratnik. "Лачни Франз" активно настапуваше на територијата на поранешна Југославија до 1994 година, по што се повлече.

Во 2014 година, Зоран Предин реши да ја оживее концертната програма на "Лачни Франз" и заедно со четворица нови и млади музичари почна клупска турнеја низ сите градови во бивша Југославија. Со првата песна на новата постава на бендот, нагласуваат дека музиката ќе им биде жива, бескомпромисна и жестока.

#



Останати вести
Кети Пери се расплака пред камера

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести