период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 16:39

 ЗОРАН ЗАЕВ ПО СРЕДБИТЕ СО ХАН, МОГЕРИНИ И ТУСК

Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата

 

Премиерот Зоран Заев по средбите со високите претставници на Европската унијаЧ Јоханес Хан, Федерика Могерини и Доналд Туск, истакна дека Македонија ја чека долг пат на крупни реформи, кои не би можеле да бидат исполнети без опозицијата во Македонија.

„Тоа беше дел и од разговорите со Комесарот Хан. Имаме намера да ја придвижиме Македонија многу брзо кон целосна интеграција во Европската унија, секако соодветно на чекорите коишто претстојат, преку повик и вградување на опозицијата, граѓанското општество и сите други чинители коишто имаат свој капацитет и можат да помогнат во овој процес. Уште во процесот на формирањето на Владата ги испративме пораките на соработка, на инклузивност внатре. Како што знаете за прв пат од самостојноста на Македонија, предадовме мнозинство во комисиите во Парламентот, неколку на број да бидат токму водени од опозицијата заради тоа што ако имаме успех на овој пат, успехот ќе биде заеднички и на власта и на опозицијата, и на граѓанскиот сектор и на сите коишто ги повикуваме и еве овде од Брисел, да се вградат и да придонесат кон брзо чекорење кон добивање на датум за преговори и секако полноправно членство на Македонија во Европската Унија“ одговори Заев на новинарско прашање.

Според него, возможно е да напредува во евро-атлантските структури и да се поднесе апликација за членство под времената референца БЈРМ.

„Јас знам дека секогаш ако се има пријателски однос, добар пристап може да се најде решение на се. Едно ми е јасно дека Македонија во периодот пред нас ќе се занимава повеќе со европската иднина отколку со европското минато, или минатото на нашите земји од самиот регион.  Истовремено, сум свесен дека Грција е наш голем пријател и тие можат, секако, да застанат на нашиот процес во интеграциите, буквално на секое подглавје, вкупно 35 пати, но во моментот, ако Македонија даде причина градејќи дополнително пријателство со своите соседи, вклучително и со Грција, можеме да очекуваме дека ќе се створи во најмала рака, поголем позитивен амбиент за разговарање и за ова чувствително прашање. Јас знам дека на мојата земја и треба поддршка од соседите, и треба поддршка и од Грција и заради тоа знам дека пријателите, граѓаните на Грција преку владејачката партија и преку опозицијата, ќе водат грижа да и помогнат на Македонија на својот пат кон интеграциите во Европската Унија и на својот пат кон интеграциите во НАТО“, додаде тој.

 

 

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести