период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 12.06.2017, 18:01

Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....

Десет академски сликари од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија од денеска до петок ќе сликаат во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје инспирирани од творештвото на десет познати македонски поети.

Првата поетско-ликовна колонија која ја иницираше Библиотеката е именувана „Нацртај песна“.

Учесници се шест македонски сликари: Сергеј Андреевски, Емил Шулајковски, Илија Стојковски, Јасмина Трпевска, Александра Ацеска и Христина Маневска, двајца од Црна Гора-Драган Мијац-Бриле и Јакша Чаласан, како и Мирослав Живковиќ од Србија и Роман Кисјов од Бугарија.

Секој од нив ќе создава уметничко дело по мотиви на десет антологиски песни: „Болен Дојчин“ од Блаже Конески, „Валпургиска ноќ“ од Славко Јаневски, „Ана“ од Јован Котески, „Мајсторот и мостот“ од Анте Поповски, „Дениција“ од Петре М. Андреевски, „Небесен камен“ од Петар Т. Бошковски, „Гледач во пепелта“ од Ацо Шопов, „Лесновските ѕвона“  од  Чедо Јакимовски, „Седум навраќања на мотивот трепетлика“ од Гане Тодоровски и „Лимон“ од Љубен Ташковски.

Песните ги избра жири во состав Иван Џепароски, Бранко Цветкоски и Братислав Ташковски.

#



Останати вести
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести